Ти ми стана светлина во животот од кога те имам. И покрај се, се бориме и одиме напред. И знам дека ќе го достигнеме врвот еден ден заедно, иако сме сега на дното.. Те сакам, ти си ми се. Живот мој, надеж моја
Го прочитав пишаното за мене уште многу пати дома. Пред тебе се воздржав, ама дома плачев. Толку убави зборови за некоја која те повреди телесно и психички. Како ме сакаш толку многу после сѐ?
Ме шеташ цел ден ми посвети од 9 до 5, кога зборев со очи ме пие, се пукнавме од смеење обострано и ич не проба физички да измањачиш, до дома до врата ме остави. Молим те догодина запроси ме, молим те. Нозе ќе ти мијам, ретки се луѓе како тебе.
Откако сум со тебе, знам дека е вистинита изреката Љубов е кога не можеш да спиеш... Бидејќи конечно реалноста е поубава од сонот А ти си мојот остварен сон
Знам дека поминаа 4 години од кога замина ама сигурна сум дека ти не ни помислуваш на мене...Ама ете јас некогаш намерно ќе се сетам на тебе и на сите тие времиња што поминаа. Зошто уште те сонувам? Мразам да признаам дека длабоко во мене секогаш ке ми недостигаш...ама па и не сакам да се сеќавам на тебе сакам да те избришам од мојот живот исто како да не сме се запознале никогаш. Сега ете пак се потсетив на тебе и боли знаеш? Сакам да можам да го вратам времето и да ти кажам без срам дека те сакав уште на самиот почеток ама неможев и затоа сега неможам сама да си простам.Незнам што ме боли повеќе тоа дека двата премолчивме што чуствуваме или тоа што нема повеќе да те видам? А сега останаа само спомени...и некоја песна која ќе ме потсети на тебе. Збогум засекогaш!
,, Ми велеа дека љубовта може да се создаде во само еден момент, но не верував во тоа сè до моментот кога се заљубив во тебе.“
Ме прашуваш - Те боли ли сеуште? Како од пушка ти велам -Не. Го вртиш погледот и се трудиш да ги сокриеш солзите. Знаеш дека те лажам. Ми велиш - веднаш се враќам. Почнувам да си ја гризам устата од болка. Се враќаш за 5 мин и ми ставаш нешто во инфузијата. Витамини се - ми велиш. Сакам да ти кажам дека знам оти ме лажеш , ми стави малку морфиум. Полека ми се враќа насмевката. Денес беше само лош ден. Те сакам ЧОВЕКУ мој
Многу сум среќна...Ти правиш да се чувствувам многу среќно. Всушност ти не треба да направиш ништо за да умирам од возбуда покрај тебе. Не знам дали е добро или лошо што сум толку вљубена во тебе. Но едно знам а тоа дека ми е убаво и дека ќе уживам во секој момент.
Не ми се верува, си доаѓаааш. Броевме месеци, броевме денови, а сега остана да броиме само часови!! Оваа среќа вреди колку сите овие месеци чекање. Среќен пат најмил мој и чувај ми се, а јас те чекам со раширени раце!
Многу сум благодарна што те имам ,фала ти што си ми најголема поддршка ,те сакам премногу и многу ми е тешко кога ќе речеш дека не сакаш да те напуштам ,па јас нема да те напуштам никогаш незаменлив си ти си дел од мене, како не сфаќаш
Ми спомна пред некој ден дека многу си возбуден за нешто но дека е рано да соопштиш што е. Вчера ми спомна дека работата е при крај, дека долго време си криел од сите и дека си многу возбуден за тоа. Не те форсирав нити сакав да ми кажеш, сакав да си уживаш во среќата така себично бидејќи заслужуваш. Сега гледам порака каде што ми ја соопштуваш твојата тајна. Мене. А толку многу други луѓе што те знаат подолго време можеби сеуште не знаат за ова. Не знаеш колку ми значи ова и колку се радувам за тебе. И не било радувањето за "џабе", нити сето ова има мало значење. Заслужуваш се најдобро во животот ти. Среќна сум премногу за тебе. Фала ти што постоиш и што ме тераш да верувам повторно во среќата.