Ти си ми само уште еден број во низата. Евтино парче запакувано во скапа фолија за пополнување време. Драго ми е што ти значам па можам да те манипулирам. Ти благодарам што постоиш.
А на почетокот мислев дека ќе си само една минлива авантура, едно минливо допаѓање. Симпатија Види сега каде сме
Цело време размислувам за нас... Не знам што планираш и не знам како да ти кажам да останеш... Ако си заминеш летово не знам дали пак ќе те видам, а немаш појма колку ќе ми е криво ако ни пропадне во вода се` што изградивме овие две години...
Кога си идеш дома се чувствувам како сосема да те губам на еден месец. Ни да се јавиш, ни да прашаш како сум, ни збор од тебе. И после ми се враќаш и се однесуваш како никогаш да не си заминал. Ама злато, на тебе можеби и ти е исто затоа што си цело време опкружен со луѓе кај и да си, ама ја без тебе немам никој...
Некогаш стварно знајш да се понашаш ко токмак Еднаш, само еднаш превземи иницијатива за нешто, изненади ме бе. Денес ако не се видиме, наредно во четврток и ко сеедно да ти е. Оди си в кафана со другарите вечер, и онака ми е гајле дали ќе се видиме или не. Ко ќе размислам поубо, гајле ми е за се.
Те немам веќе во прегратки. Го нема веќе твоето „злато мое“, ни „те сакам“. Те губам. Се оддалечуваш од мене со брзина на светлината. Го чувствувам студот во твојот глас, нема веќе љубов за мене во твоето срце. Барем кажи ми „збогум“ веќе еднаш, не ме крши секој ден по малку, не можам вака...
Спремај се утре да си поминеме незаборавно Во што не се ни сомневам. Со тебе секаде и секогаш е убаво. Те сакам