И не... Новата година не носи чудо сама по себе .... И не носи нова верзија од нас.... Ама носи надеж, а тоа е повеќе до доволно.... Затоа се дрзнувам да и посакам, да и вриснам желба поголема од неа да ме чува.... Да ме чува од ликови како тебе... Ликови кои ја убиваат надежта, кои ја убиваат верата во љубовта, во луѓето... Ликови кои дишат сомнеж, кои искреноста во окото ја убиваат со цела своја сила.... Ликови кои ги исмеваат соништата, ги убиваат желбите да се обиде човек да промени нешто, да се смее, да е храбар, да е самоуверен... Ликови кои се сокриваат зад ѕидови и наметнуваат лицемерие... Ликови кои ништо не носат сем рани на душата, рани кои повеќе болат по години кога ќе погледне човек што добил, а не заслужил... Што добил од лик како тебе.... Лик кој убива се убаво во луѓето.... Ете нека ме чува новата година од такви ликови.... А другото, ах дригото ќе се нареди сигурно се како треба.....
Знам дека ќе се каам ако не ти кажам дека те сакам се уште. Исто така знам дека тоа нема да промени нешто. Ако ми биде полесно со признавање ќе напишам овде - Те сакам и ќе те сакам без разлика на се. Среќни празници.
Hey. Нешто не е во ред. Сѐ е во ред, како и секогаш, но можам да почувствувам нешто. Нешто фали, нешто не е исто а не знам што. Те сакам и се плашам. Многу. Бидејки знам дека во ниеден маж не би можела да се вљубам. Не сакам ништо да се промени помеѓу нас. Но зошто се чувствувам вака? Не знам како да објаснам... Како да сме пре молчаливи за сѐ и што и да ни пречи, не си го кажуваме. Како да знаев дека ваквиот начин на опстојување ќе почне потсвесно да не гуши еден ден, иако навидум сме најсреќните и најидеалните. Ама виновни сме ние и никој друг, а особено ЈАС. Јас, вечниот молчач. Едит: не сум била јас поголемиот виновник, двајцата сме. Постот ме поттикна да побарам една искренодт и дс кажам мој став и мое мислење. А ти молчиш. Лошо правиш.
Знаеш дека денов ми заврши катастрофално. И ми остаи простор да се смирам. Сега еве си пак и знам дека искрено се интересираш за мојата состојба. Ми се мешаат солзи на тага и среќа моментално. Благодарам што си тука.
Не бегај пак, знаеш оти си ми светла точка во моментот, ми правеш да се осетам жива. Остани овде, колку и да е комплицирано.
Не ти вратив ништо на тоа те сакам затоа што знам дека таквото сакање не е правилно. Искрено подобро би било да ми кажеш не те сакам.
Да знаев дека толку ќе ми биде убаво со тебе, ќе излезев многу многу порано. Малечок, со што те заслужив јас тебе? Вечер е нашата прва заедничка нова година, возбудена сум ко мало дете
И така сонце, вечер ќе имаме "преубава" нова година заедно. Мислам, ти ќе си имаш, а јас ќе "имам". Ама ти ветувам. Последна глума од мене годинава. 2020, ќе бидам брутално искрена.
Се што ми фали за да ја дочекам годинава совршено е да беше и ти до мене вечерва. Нека, некоја друга нова година ќе биде.
Последниот пост за 2019 оди за тебе Фала ти што постоиш и што ми дојде во животот. п.с најубав пар сме ти е гајле
Изминатите неколку години, откако сме заедно, ми е која од која поубава. И 2019 ја оставаме зад нас, година во која продолживме да ја пишуваме нашата заедничка љубовна приказна. 365 дена неизмерна сила ми даваше, држејќи ме за рака. 365 дена кој од кој поубав. За следната година посакувам само едно, да продолжиме да ја пишуваме нашата заедничка приказна. Посакувам цела следна деценија првото нешто што ќе го гледам секое утро да си ти! Те сакам, те сакам, те сакам...
2020та како да направи магија. Или пак ти некако магично ги читаш мислењава зошто кога и да пишам нешто, веднаш само убави работи од тебе следуваат! I'm left speechless. Сепак имав колку толку убава ноќ, за која што ти доста придонесе. Иако ни на крај памет не очекував.
Дојде пак 2ри, ден кој ме натера да плачам, уште една година помина, ама тагата не можам да ја отстранам. Дадениот збор не можам да го погазам. Времето поминува, а јас.... јас тапкам во место и го памтам овој проклет ден. А те сакам