Имам многу вакви, ама еден ми е врежан во срцето, не е овај и не знам дали некогаш ќе го ставам тука тој за да го прочитате, себична ќе сум и ќе си го зачувам за себе.. Ама ете еден навистина добар. ❤
Знаеш ли каква инспирација си ми? Твоето присуство во мојот живот ме тера да пишувам, и да создавам, и да живеам, во вистинската смисла на зборот
Се надевам дека вистински го чуствуваш онаа што ми го кажуваш,и дека не е само маска за да ме смириш. Колку што сум јас замислена и ти си ама не се отвараме да си искажеме туку глумиме дека се е добро и во ред. Исто мислиме знам,без да кажеш нешто повеќе знам што ти се врти во глава.
Не знам дали си прав избор, ама во моментот си светлост. Ќе плачам знам, ќе горам, ама што сака нека биде...
Сакам неколку работи да ти кажам, ама не смеам и не можам. А..и не знам дали ќе ти значат ако ги слушнеш..
Уште една ноќ талкам сама низ улиците на кои лани шетавме заедно. Знаеше да ме насмееш и да ме оживееш онака само на твој начин. Зад секој агол ја гледам таа насмевка, и мојата секако.. гледам како се возиме низ партизанска пеејќи на глупа песна и бакнувајќи се на секое црвено светло на семафор..јас се смеам а ти ме гледаш, го обожував тоа чувство, се чувствував жива. Камо сега да беше така, камо да не шетав сама прашувајќи се каде ли згрешивме, како ли дозволивме нашето мало царство да се претвори во прашина која сеуште стои на партизанска, знаеш ти точно каде. Ти беше единствениот човек кој знаеше да допре без вистински да допре...и не е тајна веќе секој кој прочитал знае дека те сакам, дека ме боли тоа твое отсуство особено сега кога сум на чекор до тебе. Недостигаш. Многу. Ова мало царство без тебе не е царство. Се изморив. Нели желбите треба да се исполнат? Ти беше една и единствена моја желба и не се исполни. Можеби не требало да ја посакам..
Секој пат е исто. До душа, некогаш чинам побрзо ги голтам солзите, некогаш немам кочница па се замислувам како во slow motion чекорам над бездна и наеднаш паѓам. Некогаш се кинам од себе и од тебе, а некогаш дури и се смеам, за тоа како разбирам колку сум сега цела. Онака, од неверување дека сево ова е навистина мое. Ама секој пат, секој пат боли. До наредно гушкање.
Пред 2 дена се видовме, а ми фалиш ко 2 недели да не сум те видела. Ако ништо друго, бар почна почесто во сон да ми доаѓаш, бар таму те гледам. Од понеделник натака мора да те видам што побрзо, ми фалиш бе.
Те мразам тебе и го мразам фактот шо дозволив лигуш ко тебе да ми влијае вака на психа. Да бев мааалце похрабра личност и да можев отсечно да пресечам без да се вртам назад, ќе беше одамна избришан од животот мој. Се мразам себеси ради тоа што сум слаба личност, не смеам да сум ваква. Барем да вредеше да се нервирам за тебе, да беше нешто посебен и над останатите. Ама не бе, мрсулко си, како само трчаме по некои кои не вредат ни со стап да ги пипниш.