Кај поминав оттука, кај ја заслушав песната, кај се запустив. Почнаа да ме удираат флешбекови од муабетите од пред неколку месеци. А и испитна иде, па оф корс дека сега ќе му ја мислам за тебе.
Без памет сум од тебе Но не сакам да го сменам тоа. Убаво ми е вака и уживам во сопствената блесавост и слатко лудило.
Не можам да поверувам каква среќа имав човек како тебе да биде дел од мојот живот. Сакам да бев до тебе и да можам да те гушнам сега. Не беше мое маче ама и ја сум толку тажна, беше преубаво и толку бевте приврзани, обожавав да гледам заеднички слики и видеа од тебе и твоето милениче... Ама нешто видов во оваа ситуација, ти си прекрасен човек. Ни за миг не ја остави мачката и беше до неа додека и требаше највеќе, направи се што можеш, ти толку многу се грижиш и за животинчиња и за се околу тебе... Прекрасен си, мило ми е што светот не те има расипано. И после некој ќе ми рече "е од толку во градов машки, ти баш него го најде од друг град, што е толку посебен ?!". Епа посебен е и единствен.
OMG Само два дена каква промена можат да направат!!!!!!!! Поготово со ова сега што ми го кажа. Јас премногу те сакам. Веќе никој не е битен.
Ама јас навистина веќе не можам...не можам да чекорам кон иднината со главата свртена кон минатото....така никаде не се стигнува...вака ме боли се и душата и телото....се распаѓам...јас веќе не можам Заслужувам спокој и почит....заслужувам да бидам сакана како и секоја нормална жена....затоа престани да ме спречуваш да продолжам понатаму бидеејќи јас навистина веќе вака не можам!!!
Живеам за денот кога ќе ти се врати за се лошо направено кон мене, и кога ќе гледаш како твоите најмили ќе плачат, макар од мене. Тогаш ќе се сетиш колку и мајка ми плачеше кога ме гледаше повредена. Тогаш ќе те прашам - Дали мирно спиеш, затоа што јас не спиев поради секој твој удар и пцовка.
Ах бе што си ти. Не можеше да истрпиш уште некој ден па официјално романтично да ти кажам дека те сакам
Ај нека помине испитнава, па да се изнашетаме на раат. И Валентајн едвај чекам, не можам да се стрпам да видиш што се ти спремам.
Само ти можеш да направиш да си легнам со насмевка.... Само да знаеш колку ми фалиш и колку се радувам што четврток ќе те видам и гушнам. Те обожавам среќичке моја