Д’рти, д’рти морам да признаам ........прашање е само благо или солено ??? Ширете љубов (кон готвењето) луѓе, убаво е
Денес ме збесна, продолжи и утре и нема да е на добро Замислете кога дотичните би ни одговарале на темава
Имаш една особина што ти ја мрзам и прави да се нервирам често. Забораваш што си кажал или глумиш лудило и ми продаваш м*да за бубрези дека си многу реален, а ни р нема од тоа. Јас ништо не измислувам и знаеш дека добро памтам...и да! лута сум ти што само јадеш г**** а никогаш не тргнуваш од самиот себе. stupid!
Кога би мерела нервози и љубов од тебе, љубовта би била поголема. Знаеш добро да ме изнервираш, но подобро знаеш да ме љубиш.
секогаш кога ќе се видиме да ме гушкаш силно силно мислам дека таа јака прегратка во моментот ми ја топли дури и душата
зар е можно овие 2 години да не го избришаа твојот траг....пуштив солза за тебе вечерва...ослободи ме веќе да бидам среќна со друг....проклето си тука,а те нема... ми требаш. јас сеуште сум на истата адреса и спремна да оставам се за тебе....
.... e па ти ме научи бе злато на такви прљавштини Aјт.... остај сеа тоа, не ми се ватренисува сеа пак кога веќе планирам да спијам те љубам, мхм Добра ноќ
Ѓубре едно веќе си одиш, па ќе ми недостигаш Ајде врати се побрзо да си учиме заедно, па и да вежбаме
Само тага носам... ја носам ко своја кожа и пак ја прашувам ноќта дали си заспал мирно и дали е нешто исто, како тогаш чисто? Кога бевме како деца, што во заборав сега спијат.....
И денеска нема да се видиме Ама тоа за да ти недостигам уште повеќе Јас навистина жалам ама вечер сум на роденден... иако радо би водела љубов со тебе и би те гмечела. Ајде утре.
Вчера беше еден од оние денови на кои радо би стиснала пауза за да можам да го имам до крајот на животот.Те сакам
Баш не планирам на дождов да идам со два автобуси, 50 минути до кај тебе, за после да си дојде сестра ти и да сака да си легне у соба. Е ич не доаѓам! Ќе си окапам на фемина !
Ми иде да те убијам човечее..го знаеш тоа или не? аХХ после тоа од синоќа тешко дека ќе поминеш со арно
Знам дека не ти се одеше дома... Знам дека не ти се стануваше од масата... Знам дека кафето иако не беше многу вкусно, ти беше задоволство да го испиеш... Знам дека го следеше секој мој потег... Знам дека се збуни кога требаше да се поздравиш со мене... Знам дека намерно ме провоцираше и закачаше... Знам дека ти се допаѓам... Знам дека и ти мене ми се допаѓаш... Само незнам дали имаш храброст да го направиш наредниот чекор?
Немој да ме бараш, зошто уште сум слаба на тебе. Немој те молам... Ма кого молам кога ти не се разбираш од збор себичен еден...
Денес ти простив.Иако ти уште не знаеш.Не се чува толку гнев, огорченост и омраза колку што носев во себе деновиве, самодеструктивно е. А бидејќи сега си се имам само себеси мора да си се пазам. Колку лесно било да се уништат 7 год. и колку малку сум те познавала, а ти знаеш се за мене, а јас ретко се изненадувам од нешто!!! Дали вистински познаваме некого? Ти не ми го скрши срцето, прав ми го направи, не остави празнина туку толкава пукнатина да не се препознава што било предходно...Иако не ќе заборавам,никогаш! Ти простив како на друго човечко суштество што ме повредило, претешко ми беше да го сносам товарот на повредата...ќе презивеам, ама како ти ќе го носиш товарот на твојата душа?! Сега си ми поголем странец од непознат со кој случајно ќе се разминам на улица, твоите очи, раце, мирис, допир се е толку туѓо, а било толку мое... Ми се чини дека сега твојот допир би ми бил како да ме полеале со солна киселина... Не знам како би ме погледнал во очи повторно ако имаш барем трошка совест!
Сфатив што имав покрај мене, но касно е знам. Можеби ме заборави, можеби веќе не те боли. Знам дека премногу те повредував , можеби ми го посакуваш истото и мене , пробувам да бидам среќна без тебе, тешко е знај. Те сакам, незнам , можеби е залудно веќе да се борам за нешто што сум пропуштила...