Цел ден ме гризеше бе. Некако така се споија коцките да знам дека има нешто што не ми се допаѓа. Доволно ме знаеш за да знаеш дека не судам луѓе. Ама.. Мрак пред очи ми падна кога видов за што си лажел. Ми се приповраќа и уште ми се гади. Нема ништо да речам. Ама дека некад пак ќе ти поверувам -тешко. Дека нема да е исто-тоа сигурно нема. За лажење не треба муда. За лажење треба стил.
Ваква еуфорија можеш само ти да ми создадеш. Небото одеднаш е поведро, сонцето сјае посилно и топло ми е во сред јануари. Те обожавам. Се чуствувам како цел свет да е наш. Спојлер нашата
Лута сум ти затоа што те сакам. Затоа што да можам цел товар од твоите плеќи ќе го земам и ќе го носам. Ти кажав. Нема да родам дете. Страв ми е твојата судбина да не ја има. Сакам кога ќе го видиш на ехо, како точкиче, да испланираш што ако умреме. Силен си ти и се' можеш. Ама немаш избор. Тоа, тоа ќе мора да има. Ако треба да го родам од љубов, пред 10 години ќе го родев. Нема да донесам дете на овој свет ако не можам светот да му го дадам. Ќе разбереш и ти. Гледам разбираш. - Немој црно да мислиш - ми викаш. Па само црнила гледам. Не мора да осудам на јадови уште едно суштество. Не мора.
Ќе видиш дека можам сама, без тебе. Ако сега се правиш да не успеам, ама само ти ќе бидеш разочаран. Лошите мисли на тебе самиот ќе се одразат. А јас секогаш ќе ти посакувам се најубаво.
И ти еден ден ќе сватиш што ти зборувам.. Бидејќи сум мртво сериозна особа а ти бидејќи немаш ни грам мозок ништо од тоа да не ме разбереш, но кога ќе ти треба некоја сериозна тогаш ќе ме разбереш и има секоја моја реченица да ти се врти во глава и секој мој збор ќе ме мани по глава кога тогаш! Но тогаш верувај јас слободно ќе те пуштам да си се дружиш со карикатурите кои исто така немаат мозок како тебе!
Колку многу те сакам и колку многу ме сакаш, само еден Господ ни е сведок на нашата љубов... Ме научи на вистинска љубов, ме научи како некој повеќе од себе си да сакаш, ме научи да имам најголема причина за живот... Ти благодарам Господе што сретнав човек кој е мојата втора половина од мојата душата..од моето срцето..од мене... Колку и пати да кажам ТЕ САКАМ премалку ќе биде за тебе...
Ајде нека врват деновите побрзо за да ми дојдиш на гости, да се видиме ко луѓе. Ми фалиш бее, она многу многу најмногу
Не знам што да правам... Толку сакам да сум ти во прегратки, а се однесуваме како странци. Не делеше прозорецот знаеш... Знам, чекаш од мене.. Ама...
Во последно време само се караме добро е некогаш вака кога не сме заедно, малку да оладиме еден од друг. Да го прочиташ ова знам дека веднаш ќе се налутиш и ќе мислеш дека не те сакам, ама не е точно, само сакам некогаш сама да бидам, да наполнам батерии.
Колку брзо поминува времето како вчера да беше кога се запознавме а поминале години и години и во сите нив и среќни и несреќни настани. Понекогаш ќе се изнасмеам, понекогаш ќе се растажам за нешто што било и поминало, ама па на крајот се сведува на тоа дека како ќе си направиш да ти биде така и ќе е и знам дека во минатото со што било и иднината што би било не се живее, туку во сегашноста, овде и сега, со тебе, јас и ти и сите наши мали глупости( и поголемките глупости исто така).
Ти си ми непресушен извор на сила, елан, храброст. Стравот исчезнува само при помислата дека си тука, до мене, со мене.
Во право си за мн нешта...Само јас не научив да не се вртам кон минатото.Секогаш сум еден чекор напред три назад.Животот ми зеде толку мн нешта, да сега ми е ужасно тешко да се препуштам и уживам.