Не мислев дека толку брзо ќе се одвиваат работите. Искрено, не сакав да се запознаам со твоите, премногу е рано
Еден саат...запамти го денов кога ме остави да пешачам саат и неколку минути на минус 7 со тенка облека.. ...Денот кога пијаници со тапија што ме видоа сред булевар се понудија без задни намери да ме однесат до дома затоа што сум била човек према нив... Го чекам само денот... а се ближи.. Ќе патиш како куче..од оние уличните. Како што јас патев оваа година..и денес на ладново. Гомнар..безвреден Касно ќе биде А колку гордо денес се китеше со моите перја.. решив да преќутам, да не им ја уништам сликата за тебе на најблиските..
Знам дека сум во право, а ти благодарам за зборовите "Не заслужуваш да се борам за тебе"... "Твоја работа, искрено ми е гајле"... Цел ден си бев расположена а ми го уништи во една секунда. Во шум ги голтав солзите цела ноќ. Не, не ти ѕвонам, ако ме сакаш ќе дојдиш на договореното место, а јас треба да се запрашам дали да дојдам таму, не ти... После сите тие зборови кои уште ме болат како сега да ми ги кажа... Ќе размислам, по секоја цена
Извини за вчера, на моменти не можам да ја поднесам далечината. Едвај чекам да си дојдеш утре. Ќе те чека изненадување, ама не ти кажувам шо е.
Душа моја жал ми е за се што преживуваш и за сите неправди кои ти се случуваат. Верувам дека еден ден се ќе се реши, па ќе бидеш помирен, а дотогаш јас сум тука за да те поддржувам и смирувам со моите прегратки.
Најголемиот ""фраер и е*ач" што си поигруваше со сите девојки од градот и правеше да се мразат меѓу себе и да си чупаат коси, сега има ќерка...Господ е голем
Ќе полудам колку ми недостигаш. Чувствувам празнина што ништо не ја пополнува... Знам дека ќе те гушнам за две недели, ама што со тоа дека за четири, пак ќе биде вака? И потоа којзнае кога пак. Ми треба таа топлина секое утро до мене. Ама Боже, колку те љубам, ќе се борам и ќе се борам, и со себе и со светот...
Еј ти, мој шмекеру свесен ли си дека ми фалат тие сини очи повторно да ме погледнат? Јасно ми е дека си лут, но стори го тоа барем уште еднаш за мене,попушти... Неможам да го заборавам моментот кога ме фати за рака и ми фрли посебен поглед Иако ги има многу романтични моменти ова би го издвоила како посебен момент. А уште поубаво,поромантично и повозбудливо ми е кога ги правиме тие чекори таинствено од другите па макар и тоа што сме приметливи! Ама се правиме како ние само да си знаеме за тоа Но не си свесен колку се губиш во тие моменти што си многу приметив во намерите! Напротив тоа многу ми се допаѓа кога не ти е гаље кој е околу нас! Лудило! Можеме да продолжиме каде што застанавме Би сакала да биде нешто повеќе од нас. Премногу ми се допаѓаш