Ми значеше многу, ама решив да те отстранам. Не сме еден за друг јас и ти. Ми недостига нашиот разговор, ама така е најдобро, извини што го правам тоа по не знам кој пат, не сакам некој да биде повреден.
Во наредните неколку дена да си знаеш дека не те пуштам, ќе те гмечам од гушкање. Премногу ми фалеше.
Ако не во овој во некој друг живот ќе ти кажам се што чувствувам....не сме само ние виновни премногу зло има околу нас премногу луѓе кои уживаат во тоа да судат за нешто кое не засега само нас...ние не сме целосно виновни ние сме само слаби....еве признавам јас не би можела да се борам...јас признавам срцето ќе ми препукне затоа што знам дека намерно уживаат во моето сивило....знам ама сепак им дозволувам.... Ти барем имаш некоја крај себе...најди утеха со нејзе кога неможеш среќа со мене
Слатка ми е твојата расеаност, понекогаш. И твојата хаотичност. Многу сме различни од тој аспект. Вистински контраст. Но добро се надополнуваме. Ме учиш дека некогаш спонтаноста функнионира подобро отколку планирањето.
Те гледам додека спиеш. Камо да можев и јас така мирно да спијам. Колку си сигурен дека се' ќе биде во ред. Мене страв ми е. Цигара за цигара. Дење ми е полесно да спијам. Ноќе страв ме мачи. Ама нема да ти кажам. Верувам во тебе. Се' ќе биде во ред. И ќе заспијам и јас еднаш мирно.
Многу ми фали твојата прегратка. Силно да ме гушнеш и да ти заспијам на рамото а ти да ме галиш по косата. Се ближи петок со нетрпение те очекувам.
На моменти се фаќам себеси како го правам она што ти го правеше во очај. И морам да ти кажам дека делува......краткотрајно. После тоа тагата е уште поголема. Ќе 'поминеш' ли некогаш?
На секоја жена девојка и недостига внимание секогаш било тоа за некој повод било тоа за туку така од нигде никаде.. доволно е едно цвеќе од бавча што го имаш да го скинеше да ме изненадеше мече некое мало минимално од 100ден. мизерно од Битпазар да ми купеше.. ама не ти си инат моите сеуште не знаеле за тебе имало време ќе сум добивала многу ствари од тебе понатака.. *што е така така си е
https://o3zona.net/2019/05/15/знаеш-дека-е-крај/ Знаеш дека е крај, кога не сакаш ништо да објаснуваш. Знаеш, дека се завршило кога нема ниту еден збор, кој ќе го изговориш со надеж дека ќе поправи нешто. Знаеш дека е крај, кога повеќе не веруваш дека нешто ќе се промени. Знаеш дека е крај, кога не се плашиш од крајот. Знаеш дека е крај, кога немаш желба да го промениш лошото мислење за себе- те уморува седењето во собата на сопствените грешки и непрекинато покажување, на лошто што можеш да бидеш или веќе си. Знаеш дека е крај, кога секоја ситница е извор на недоразбирање. Знаеш дека е крај, кога нема добра волја. Знаеш дека е крај, кога не ти е тешко што се завршува, ниту ти се застанува. Знаеш дека е крај, кога ќе почувствуваш, дека се истенчи љубовта која врзуваше. Знаеш дека е крај, кога не сакаш било што да кажеш, само ти се молчи. Знаеш дека е крај, кога ти е сеедно дали е во соседната соба или во соседниот град. Далечината се случила, размерите се небитни. Знаеш дека е крај, кога не се лутиш. Знаеш дека е крај, кога не навредуваш. Знаеш дека е крај, ако ти е чудно кога ќе се допрете, случајно- тоа не се рацете кои те гушкаа со љубов. Тогаш знаеш дека е крај. Знаеш дека е крај и тоа сознание не те вознемирува.
Утре ќе бидам мртва уморна после 2те полагања, сигурно и со 0 енергија, но едвај чекам да ти дотрчам во прегратка. Извини ако пак ми паѓа главата шо сум спиела само 3ч, но испитна е, немам друг избор. Ми требаш многу. И многу ми недостигаш.
Твоето однесување е мн ниско! Немој да мислиш си некој фраер ако правиш глупости мене воопшто не ми е гаље како се представуваш пред народот но ти си знаеш "голем си" но тебе нема да те сака никоја никоја паметна што ќе можеш сериозно да тераш а најмалку па јас Мене можеш само да ме сонуваш одсега, а такви карикатури има на секој ќош и цел живот можеш да вртиш ама да знаеш дека и тие те вртат тебе и цел живот ќе ти помине несериозен со проблеми. Е*ати фраерот
Многу ама многу си ладен, ме фаќа копнеж за средношколските денови и убавите моменти поминати на клупа, оваа дистанца повеќе ме боли отколку негледањето поради обврски.
Те сакам. Со душа чекам да дојди недела и да се видиме. Ќе имаме цели три дена само за нас. Ќе ми дојдиш како лек сред испитнава сесија