Кој знае.. Но во право си едно парче хартија не значи ништо, особено, ако е и вршено инсистирање од домашните. Машки свет глупави лесно се управува со нив. Не може тој да издрже во брак посебно не со таа личност, но мене тоа ништи не ми значи од моја страна е крај, но од негова најверојатно нема да биде.
Лежиме гушнати после цел ден поминат одвоени поради обврски и ме гледаш како да ме немаш видено 10 дена. Си ја отворам душата пред тебе,кажувам се што ми тежи.Сум знаела да бидам и поцврста и се да задржам за себе и да не те замарам.Всушност, не знам дали тоа што не споделував чувствителни работи ме правеше поцврста или поранлива чувајќи ги работите во себе. Ме слушаш со поглед полн со разбирање. Ми праша дали знам колку ме сакаш..Знам дека ме сакаш душо. И јас тебе те сакам многу. Во ова сивило од период на животов, ти си ми единствена светла точка и најголема поддршка. Да не си ти нема да имам волја да станам од креветот наутро и да навлечам некоја чудна насмевка на лице.Мислам дека и ти почна да го приметуваш тоа па почна повеќе нежности да ми кажуваш, да ми помагаш во обврските низ дома,што не беше случај порано. И фала ти за тоа, најискрено. Само поддршка од тебе ми треба периодов.Знам дека и тебе ти треба мојата, и ќе ја добиеш.Ќе успееме заедно,некако.
Не знам што ти се врти низ глава , не ни сакам да сум на твое место ,само знам дека ти е многу тешко и во моментов само на мене можеш да се потприш. . И покрај сите проблеми што ги имаш остануваш јак и мене ме тешиш кога паѓам . Посебен си , мој си ...
Те немам видено одамна иако работи ме на исто место . Секој момент помислен на тебе и очекувајќи дека ќе те видам низ ходниците на болницата надевајќи се на секој час . Дај појави се
Никој досега така не ме гледал. Во очите ти се гледа љубовта. Лесно е да ти верувам и да знам што ти сум.
До сега секогаш сум се водела по тоа "што биде, нека биде". Секогаш сум била спремна и на добро и на лошо. Ама овојпат се плашам. Сега не сакам да мислам на лошо. Сега сум заљубена како никогаш до сега и не сакам никогаш да заврши ова. Се плашам од помислата да не сме заедно. Не сакам ни да помислам на ден каде што нема воопшто да зборам со тебе. Што и да кажам за тебе, малце ќе биде. Те обожавам, љубов.
Сакам се да ти кажам. Што ми се случува, што ме мачи. Кога ќе ме прашаш како сум, да ти кажам навистина како сум, а не само добро сум, да ти пишам. Ама не ми даваш, ладен си, незаинтересиран, само површни муабети имаме, а јас сакам повеќе. Ти не се отвараш и не ми даваш ни мене да си кажам што мислам, што чувствувам.
Кога ќе те видам на камера, и сам си рече, да бев куче ќе полетав оти опашот ќе ми мавташе ко хеликоптер. Е баш само така може да ми се опише изразот на лицето, секој пат ко ќе те видам. И кога прв пат те видов, и кога се будам до тебе, и кога те гледам прв пат после цел ден работа, секогаш е исто. И цел живот да те гледам, цел живот ќе е така.
Наместо денес да си го исполниме денот како си го замисливме бидејќи денес ни е посебен датум нам ... добивме вест за која најмалку очекувавме . Мораш да бидеш јак и да се молиме за жената која ти беше и мајка и татко на моменти кога твоите родители беа на работа. Гледам дека си силен ради мене многу ми е лошо, многу ја засакав баба ... иако последниот пат пред некој месец кога и последно се видовме на таа кавга се растажи и се вознемири премногу но сепак беше на наша страна . Мораме да веруваме во чуда.
Секоја моја солза, нека биде нож во твоето срце! Секоја болка што ќе ја осетиш од тој нож, на мене да те потсети! Моето име да го изговараш ,кога душата ќе те боли! Тоа е мојата клетва за тебе.