Па колку ја сакаш...колку си посветен....па па па Како можеш толку да си лицемерен....кого залажуваш?
Те сакам. Се гордеам што те имам. Секој ден со тебе ми е празник. Бескрајно сум благодарна за поддршката што ја добивам од тебе, за љубовта со која ми го разубавуваш секој ден. Остани со мене, без тебе не можам и не сакам да си замислам и еден единствен ден
Не сакам ова да звучи патетично, сакам да звучи убаво. Сакам барем на уште едно место да има запис и овековечување освен во мојата глава. Точно на овој датум, пред една година, во отприлика ова време... Прв пат се бакнавме. Првпат ја осетив твојата нежност, твоите префинети прстиња и рачиња околу мојот врат. Твоите усни, твојата бујна коса, твоето дишење, чукање на срцето... Се сеќавам колку беше радосна, колку трепереше и самата ти. Се сеќавам на секоја секунда. Како и на сите секунди што следеа потоа. Како од толкава страст и радост и уживање кај тебе постепено се премина во ставање на крај на се никогаш нема да ми биде јасно. Зошто ја отфрли идејата за “нас“ толку лесно, зошто не се потруди барем малку... Зошто бараш идеалност, тоа може никогаш нема да го најдеш. А космичка неправда е да не бидеш љубена и да не љубиш. Во 9 од 10 работи се поклопивме, зошто... Зошто, џабе прашување веќе зошто. Сама си, сам сум. Не си ја најдов својата среќа сеуште. А си посакавме искрено среќа и двајцата последниот пат.
И покрај толку обврски и работа, кога ќе ми текне на тебе, насмевка ми крадеш. Убаво сè се одвива, не брзаш за ништо, пријателски гледања преку нашите друштва, мило ми е што на тој начин сакаш подобро да се запознаеме. И да, пишувај ми почесто, ми годи твоето внимание.
Доволно ми е да ти го слушнам твојот прекрасен глас после лош ден и знам дека се ќе помине со тебе се е прекрасно .
Од кога моите цели те плашат? Дали е време да те пуштам? Сакаш да си заминеш од мојот живот, упорно те држам ама со сила не бидува... Душата ми се кине...
Out of my head, out of my bed Out of the dreams we had, they're bad Tell them it's me who made you sad Tell them the fairytale gone bad
Вака се осеќам кога ти вртам насабајле да те разбудам. Ама па кога ќе ми кажеш така сонливо "добро утро љубов" одма утрото е прекрасно...
Можеби не покажувам толку често, но те сакам на мој необичен начин што некогаш не знам ни самата да го искажам, ми значиш премногу