Веќе ми е сеедно. Врската не може да ја градам само јас. Само јас да сакам да правиме работи а тебе сите други да ти се побитни. Веќе не правам ништо. Смешното е што веќе не ми е гајле.
Не сакам цел живот да треба да објаснувам каква сум. Сакам некој што просто, интуитивно ќе ме сфати. Некогаш стварно мислам дека тоа едноставно... не си ти.
Не можам да се борам со твоите хирови. Треба мнооогу да се потудиш, за да не се откажам од тебе, иако те сакам.
Деновиве пак си ми во мисли. Јануари беше наш месец ме потсеќа на тебе. Засекогаш ќе остане длабоко во мене дел, што ќе ме потсеќа на тебе колку и да сакам да заборавам не можам посилно е од мене. Некои нешта остануваат врежани во нашите сеќавања колку и да се трудиме да ги избришеме. Никој не сум сакала како тебе.. Убаво ми е со него ме прави среќна но, длабоко во себе посакувам ти да си на неговото место. Камо се да беше поинаку.
Запомни Нема да дозволам друг да те поседува се додека постојам Нема да ме посесува ниту една додека постоиш
Те сакам. Толку многу почнав да те сакам и да станувам зависна од твоето постоење, шо дури и почнувам да се плашам од самата себеси. Шо ако се разделиме, шо ако ни оладат чувствата, како ќе преживеам тогаш? Сакам да ја викнам онаа старата јас од пред година-две која цврсто велеше дека нема да плачи и да пати по машко и таа старата да ми залепи шамар и да ме освести. Не се препознавам, никогаш не сум била толку затрескана и посесивна во исто време. Н И К О Г А Ш. Доаѓам до степен да плачам откако ќе исклучиме навечер на телефон, бидејќи толку ме боли тоа што ми фалиш, шо не си до мене во моментот. Вчера ја преплакав вечерта наместо да учам, бидејќи ми текна пред 5 дена како ни беше преубо заедно, а сега сум сама и едвај чекам да те видам. Постои " лек " за отсакување или сакање во помали количини? За другарка прашвам..