Изморена сум веќе, сфани ме! Ми станува сеедно дали ти е грижа за мене или не.. И што ако си Шкорпија во хороскоп? Не си Бог!
Од утре ако не сме иста смена 4недели нема да те видам на работа Молам бога да сме иста смена засекогаш и да не одиш повеќе трета или пак да испадне нешто и оваа недела барем да сме иста  Не ми е убаво без тебе, бидејќи ти ме штитиш, ме браниш... А да, и многу ми се допадна некни кога несакаше да се тргнеш на страна а имаше голем простор туку намерно сакаше да се судриме и одеше дирекно во мене и тоа лагано а јас залетана но кога виде јас си одам од десна страна зошто кога тргна да одиш не се потргна на лева страна имаше многу простор! Е ако де убаво ми дојде да се удрам во тебе и да ти го вдишам парфемот ахх
Spoiler Ситуација: - Која ти е оваа? - Братучеда (ми го отвара и чатот) По некое време. - Ако ти речев дека ми е другарка, ќе беше љубоморна? - Ќе размислев. - Ти љубоморна... Ми се допаѓа што знаеш дека имам доверба и не сум љубоморна. Што и не веруваш дека можам да бидам. А и зошто би била. Секој ден ми покажуваш колку ти значам. Велиш, довербата е најважна, и бескрајно ја имаш. Ми се допаѓа колку цврсто стоиме.
Добро човек, само со тебе правам грешки додека пишуваме. Престани да ми влијаеш така, да се чувствувам збунето и да не знам како да реагирам кога ми пишуваш па често грешам. И ми велиш дека сето тоа е убаво, не бе, не е убаво, и не биди толку мил, нема да се предадам лесно, џабе ти е, потруди се повеќе.
Добро е што си тука да ме охрабруваш и да ме мотивираш. Не знам со што заслужив толку прекрасна личност како тебе ама среќна сум што те имам...
Многу ама многу мразам изненадувања исто така многу мразам букети а највеќе од се мразам да чекам спремна како некој морон со јакна на кревет пола саат , не сакам да звучам како некоја неблагодарна ама знаеш и сам дека мразам изненадувања не знам што ти е исто така знаеш дека мразам букети првата мисла кога те видов со букетот ми беше дали да го треснам букетот од земја или од кај тебе од глава ,уф колку ме нервираш денеска.
Уште ќе гледаш? Не ти здосади? Требаше да ти мавнам со рака. Дете. Ама си играш со погрешна личност, не знаеш колкав инат имам јас.
Јас се извинувам за работите кој ги кажувам кога не сум наспана .. мислам дека денес стварно претерав...
Некои љубови остануваат само приказни за раскажување години подоцна. Или премолчување. Мислам дека нашата ќе ја чувам само за мене, затоа што не умеам да ја опишам со збор.
Минатата вечер размислував за тебе, за нас и тоа воопшто не ми се допадна. Се ќе беше поинаку да се појавеше во друг период од мојот живот. Не ме радува тоа што не сакаш да се откажеш од мене знаејќи ја мојата ситуација. Не е дека не ми се допаѓаш туку ти си преголем залак за мене, и доколку одлучам да бидам со тебе, некој ќе биде повреден а тоа не сакам да бидам јас. Може да биде толку едноставно а јас одбирам да биде комплицирано, и верувај ми, не е до тебе. И да, сакам да те видам ама сега не е моментот за тоа. И аман, чувај се, пак ќе закачиш бронхит.
Пред само 5 дена ми беше Девојка,не било каква,него посебена и совршена за мене,сега си ми веќе Вереница,а набрзо ке бидеш и моја Сопруга.Те обожавам,ти си мојот Свет,мојата најголема подршка во животот