И оваа недела иста смена! Јејјј Денешниот поглед ме маѓепса I am drunk После долго време инат, посебен е! Ради тоа обожавам паузи и те зезам по малку бидејќи знам дека си зависник од мојот поглед
Што би правела јас без тебе? Ти си мојот воздух кој го дишам и без кој не можам да живеам. Ти си моето сонце кое ми ја топли душата и срцето. Ти си мое бебенце кое ми ја скокотка душата од среќа. Ти си моја љубов,ме научи да сакам и ми покажа како се сака. Ти си мојот живот,ти си моето се на овој свет. ТЕ САКАМ БЕСКРАЈНО
Кога бевме другари, секогаш ми беше најголема поддршка. Сега, ни самата не можам да избројам колку напади на паника имав овие неколку дена и колку солзи исплакав, а наместо да ме смирува твоето присуство, ти ми ја влошуваш ситуацијата. Не мора ништо повеќе да кажеш, подобро остави ме, сама ќе најдам начин...
Ми годи начинит на кој се запознаваме но од друга страна нетрпеливо го чекам и денот кога ќе излеземе сами, само јас и ти.
Само нека потрае подолго ова што го имаме и доживуваме деновиве. Колку и да е облачно и тмурно кога си со мене се ми е
Ти си најдобриот дечко што може да постои ,поради тебе пробувам да станам подобра личност , не можам да ти опишам колку лошо се осеќам поради тоа пред некој ден иако јас бев крива ти повторно беше предобар и место да се налутиш ти ме гушкаше и ми викаше да не се однесувам така и 1000 извини не е доволно , многу те сакам љубов моја
Женкар,господин и џентлмен многу од нив поминаа низ мои раце на многу им останав и денес само сон.Ти си таа сонце која успеа да ме скроти ти си таа која ми покажа како вистински се сака.Во моето срце стоиш како тетоважа остани тука засекогаш Те сакам
Дојди,бакни ме како 100 години да не си ме видел и гризни ме најјако! Како ненаситна животиња сум,ми недостигаш
Ми подаде рака кога бев на дното,ме крена од калта. Ме научи да се борам да стојам цврсто на нозе. Со денови месеци слушаше внимателно за се што ме мачи и заедно пронаоѓавме решенија за истите. Ме учиш за животните лекции како мало дете што го учи татко му. Многу ми требаше сето ова очајот исчезна благодарение на тебе. Како ми рече се сеќаваш? Не ги гледај работите црно и негативно туку во се гледај позитивно. За секој проблем постои решение. Прво мислев дека си луд но, те послушав и пробав еднаш и видов дека можам. Полесно е вака многу. Место очај и кукање пронаоѓање на решение. Од оној ден кога ми ја подаде раката мојот живот не е ист. Ти си невиден борец и херој. Толку многу си јак што понекогаш се чудам како излегуваш на крај со мене. Јас ќе кренев раце од самата себеси. Но ти не крена. Многу ти благодарам за тоа ми даде нови димензии во мојот живот до сега беа непознати но ти несебично ме научи на животот. Ме научи како да живеам,како да се борам и како да опстојам. Само ти ми помогна кога највеќе ми требаше помош и никој друг! Бескрајно ти благодарам за се мој хероју ,мој спасителу, мој ангелу!
Денес толку време шетав низ продавници и барав нешто што навистина ќе е во твој стил и што ќе си го носиш навистина со ќејф, што мислам за себе толку ситничарски не барам работи. Едвај чекам да ти го дадам подарокот и да те видам. Колку многу те сакам, само да знаеш, не се опишува со зборови. .
Веќе повеќе од три години си ми рационална константа во овој невообичаено турбулентен и често нерационален период од мојот живот. Не знам како секогаш успеваш да ме опиеш со најубавата насмевка што би се заколнал дека сум ја видел, но да знаеш дека без неа денот не ми е целосен. Те љубам, таква каква што си.
Зошто пак дадов шанса? Само се залажувам дека ќе е подобро. За роденден можеше барем да ме изненадиш, што било, ќе покажеше дека воопшто ти значам. Посакувам да ме почитуваше, згрешив што се ислажав по 2 пат. Еве и сега со солзи заспивам, не ти ни текна на ми звониш и да прашаш како ми е, битно за тебе гледај си, продолжи, ќе ме изгубиш.
Се повеќе и повеќе мислам на тебе. Сакам да те видам и да те изгушкам најсилно. Да помине овој период па ќе имаме причини за славење, многу причини.
Кога прекинавме бев срушена, почна да ми доцни трета недела дента кога завршивме, се сомневав и кога ставивме крај ти кажав дека ми доцни, ме праша дали ти се заканувам, чинам тогаш ми се згади од тебе. Мислев дека без тебе ќе биде мојот почеток на пропастот. Кога ми дојде месечниот циклус, седнав во ќош и плачев од среќа. Но дозволив да тонам во депресија се додека не се разбудив едно утро и реков доста е, не сакам таа убавина и позитивна девојка да пропадне поради тебе. Денес по долг период можам да кажам дека ми е сеедно, дека ми е убаво и дека сум среќна. Во мојот живот имам луѓе кои ме сакаат и не си ми потребен ти да бидам среќна, умеам и сама, успеав. Ти благодарам што ме направи посилна.