Те сакам затоа што: - Ми помогна да ги надминам сопствените стравови - Имам чувство како да те познавам цел живот - Може да ми недостигаш дури и кога сме го поминале целиот ден заедно. - Никогаш не се откажа од идејата дека треба да бидеме заедно
Фала ти за игнорирањето и незаинтересираноста која трае со денови. Најискрено и неиронично фала ти, од срце го кажувам ова. Ме учиш дека животот без тебе и не е толку страшен како што си го замислував. Воопшто не е. Можам сама, сега гледам дека воопшто не сум зависна од тебе како што мислев дека сум. Океј ми е. Продолжи вака уште некој ден или недела, па мислам дека сум спремна целосно да продолжам сама. Фала ти уште еднаш и биди ми добар.
Не сакам да се претвориш во човек кој е тргнат по лош пат.. Затоа ми се сите овие испади, приговарања, лутења.. Не мислев ништо лошо кога ти кажав така денес, а ти се направи како да не разбираш од шала и ми се налути.. Се е за твое добро, за наше добро.. Се надевам ќе ме разбереш, кога-тогаш.. И ми фалиш. Премногу ми фалиш, иако секој ден си до мене. Толку блиску, а истовремено и толку далеку сме еден од друг...
Чудно ми е тука да пишувам за тебе. Чудно ми е што воопшто пишувам за тебе. Пред 3 месеци беше првото машко со кое што почнав да правам таков некој flirty муабет иако не бев спремна, но ми помогна. По некое време стварно мислев дека не ме гледаш на тој начин и ти се отворив како на другар за се што ми се случи и ме ислуша и тоа го ценам многу. Кога ме викна на дејт после моите неколку неуспешни, се плашев. Ама не згрешив. Ми донесе насмевки во моето тажно секојдневие. Нема да лажам ми годи твоето внимание многу и искрено се приврзав некако особено на пријателска база. Искреноста и отворените муабети кои ги правиме ми се стварно супер, ама последниве неколу денови е чудно, многу. И знам дека сме casual и не треба да се замарам ама стварно сакам да знам дали е случајно причината до мене или ти проаѓаш низ нешто лично. Сакам пак да си се вратиме на нашите "замарања" и кјут муабети и едвај чекам да те видам, пошто да ми фалиш.
Со какви испади у последно време у 8 сабајле ти вртам, де тажна, де среќна, алал да ти е као ме трпиш посабајлечки. Злато си. Ајде сега тебе ти пуштам среќа, мене ми пројде редот. Како што ти веруваше во мене така и јас во тебе. Се ќе биде во ред.
Денес не можам да те извадам од мисли. Ме копка што правиш во моментов но одлучив да се држам на дистанца од тебе додека не одлучам што. Има и некои работи што не ми се допаѓаат кај тебе и не сакам пред време да летам а ти убаво ми кажа дека те толерирам. Верувам дека ќе го решиме тоа доколку се одлучам да ти дадам шанса и мојата толеранција кон тебе не е ништо во споредба со она што ме толерираше ти. Овој пат решив да не избрзувам, да си дозволам да те запознаам подобро. Знам дека во тој дечко длабоко во душата се крие личност која е желна за љубов ама дали ќе бидам јас таа, не ти ветувам ништо. И кога ме праша дали ќе бидеме заедно во иднина, дали ќе се случи тоа знам дека не го очекуваше тој одговор, али јбг. И многу ми велат за тебе - немој со тој, ќе има плачки. Тие не те познаваат како што јас те познавам тебе. Но засега ми е доволен овој пријателски однос. За едно сум ти благодарна, што се појави во мојот живот кога имав потреба од навистина искрен пријател иако не ме гледаш на тој начин, ми значиш иако си незгоден како кратко ќебе. Ајде преспиј и подготви се за 3та смена за работа. Поховано ѓубре.
Не сфаќам со шо заслужив да бидиш толку добар со мене. Знам, знам.. викаш и јас сум била добра со тебе.. Ама од моја гледна точка, на моменти ми личи ко само ти да даваш, а јас само земам. Те сакам Манки!
Ме пронајде како тонам во жив песок полека, а ти без да знаеш ми подаде рака, и ме извлече од таму, каде смртта си ја видов, претворајќи ја во моја лоша имагинација, а ти убава реалност што ја препознав во огледалце направено од последното скршено стакленце во душава, другите дел по дел ги залепи со твоите раце, ден за ден ги состави со твојот збор, целосна ми ја врати назад. Те пронајдов од темнината на ноќите проголтан, самотник покрај толку луѓе, осамен во својата тажна приказна, а толку посебен во своето постоење, од раѓање, те препознаа моиве очи во тој облик, кој не ти прилега тебе, и ти подарив збор, ти подадов рака, и небо ти најдов, со многу сонца во него, кои полека ти ја голтаат темнината, која никогаш и не ти припаѓаше, со зборовите ја пополнив твојата празнина што упорно ја пиеше, а жедтта само ти се зголемуваше од неа, и загатките на твојот ум пробував да ги решам, со рацете ти го сопрев провевот во срцето, и лечев сето она што можев да го излечам, за на крај твојата гласна насмевка, да биде моја награда, и среќа моја.
Ти се извинувам срце за тоа што денес те налутив Те сакам бескрајно. Единствена љубов моја Јас сум твојот стрес тест за долг живот Морам малку да те размрдам ТЕ САКАМ ТЕ САКАМ ТЕ САКАМММ!!! Викам на цел глас МНОГУ МНОГУ ПРЕМНОГУУ ТЕ САКАМ!!!
Едвај чекам утре да те видам ,ќе те изнагушкам нема да те оставам да дишеш ќе те гушкам без престан цел ден