Колку што ми беше убаво на почеток, толку спротивно е сега. Толку ли може да се смениш кон некој? А ваму не кажуваш ништо. Треба да сфатам дека со самото не кажување, многу ми кажуваш, нели? Тоа чекаш, сама да сфатам, сама да се тргнам? А јас чекам да кажеш, што како зошто. И двајцата чекаме погрешни работи изгледа.
Се воздржувам да не го започнам тој проклет разговор затоа што знам дека имаш обврски сега. Уште два дена ме делат од моментот, ќе ми испука срцето од мака. Само се надевам дека нема да го добијам одговорот од кој највеќе се плашам.
Како можеше така да направиш? Како можеш така ладнокрвно да се однесуваш и да ме оставиш баш пред мојот ден? Нели ме сакаше, нели ти бев се во животот, нели засекогаш??? Ѓубре гнасно, се каам што ти поверував и се каам што ти изнакупив еден куп поклони за Валентајн!!!!!!!
Не чувствувам веќе топлина помеѓу нас, нема ништо веќе, немам сјај во очите, само другарството ни остана.
Ми се смачи веќе од сè... И од тоа да те молам за да ми пружиш љубов и внимание, и од твоите празни зборови... од сè. Вистинска љубов не треба вака да изгледа. Само го чекам денот кога ќе соберам сила да ти кажам дека е веќе доста и да си заминам. Ако некогаш успеам да соберам...
Секој тежок ден можам да го пребродам со насмевка, само со помислата дека ќе се засолнам во твоите раце. Лек си ми и за душата и за телото
Цц, зар си љубоморен. Се приметуваш, ме изнасмеа богами, не сум те приметила до сеа ваков иако отворено не кажуваш ама... Не те оставам ја за никој, никој не може да те замени затоа што си единствен и мој.
Го сонував твојот прекрасно топчест газ. Моментот со цигарата на врвот на твоите усни ми стана еротска фантазија од денот кога те видов. Остави сѐ и дојди да се дружиме. Ќе те пуштам за неколку часа, прекрасен.
Уште чекам. Знам дека залудно, ама јас пак чекам. Се знам и пак сум слаба на тебе. Ќе те заборавам ли некогаш?
Зошто имаш толку големо его? Ако едно извини ти е побитно од мене, добро..! Не попуштам овој пат! Не може за се ти да си во право. Не го вртиш светот!