"Има ноќи кога не можам да заспијам па во глава со тебе си разговарам Сé ти кажувам ко да ме слушаш сите тајни што ми се на душа ....... Ти си моја последна заблуда На некој чуден начин ти сеуште ми значиш Но, негде на дно на срцево ко да не ми фалиш ти туку ми фали тој што мислев дека си...."
Ме нарекувале со секакви зборови, ама никогаш со манипулатор. Ти благодарам. Среќа па навреме те открив кој си и што си, ја заеба работата а можев да ти ја дадам сета среќа на светот. Штета што не можев да ти објаснам колку грешиш, не ми дозволи. А у осталом ти кажав,мртва сум за тебе. Ти победи, се спаси од мене, честитам. П.С ти мене ми викаше дека имам друг, а всушност ти си имал друга, ете ја причината зошто бев таква со тебе, дознав и сама се уверив. И ти ветив, ништо нема да слушнеш за мене.
Нема никогаш да престанам да му се радувам на фактот што те имам до мене. Поддршка, љубов, смисла на животот, бескрајна радост. Цела добрина и убавина е собрана во тебе. Колку само му се радувам на секој миг, на секој ден со тебе. Подарок и празник ми е. Со што ли те заслужив јас? Те сакам. Би сакала да постоеше некој посилен збор од ова. Зашто мислам дека и тоа не е доволно за да ти кажам каков оган гори во мене.
Мислам дека те видов од далеку, ама не сум сигурна дали беше ти. Ќе ме копка некое време, ама после толку време не ти пишувам да те прашам дали беше ти што помина пред некој ден кај рамстор, пошто постои можноста да не беше ти и уште понезгодно да ми биде што сум ти пишала.
Бејб, се испозаебавме изглеа? Без чувства, без поврзување, без свега и свачега.. И за кај сме сеа со мерна единица "ми фалиш" у ниедно време? "Срце (сум ти) твое", а ти мене љубов некако ќе да си ми.. шо знам.
За мене не е 14 денот на вљубените. За мене денот на вљубените е оној ден кога те запознав тебе,од тогаш осетив што е љубов научив безрезервно да сакам и осетив што е тоа љубов. Ти ми го даде најубавиот поклон ми ја подари љубовта.
Секој пат ми е се поубаво и поубаво со тебе и се повеќе и повеќе те сакам. Среќна сум што те имам. Со тебе секој ден е Валентајн.
Фала ти. Денов нема да го заборавам затоа што полош не сум имала. Јас сум глупава што мислев дека си поинаков.
Знаеш, уште одамна знаев дека ти си тој, двајцата знаевме дека сме еден за друг. Пресреќна сум што те имам, ме исполнуваш. Не можам да опишам колку многу те сакам
Бејб, греву мој омилен, Јачи си од хорс - мајке ми. Ко Дворник шо пееше "још гориш ми у жилама" па Фиц од "Студени Нозе" нешо префрла "ти си дрога, што сакам да ја примам". Мада ти остани ко шо збореше: "до тебе, со тебе... во тебе", а ја заувек ќе се навлечам на тебе. Или шо знам Бејб. А да не збориме многу многу денес? Ми се ќути некако, до тебе.. со тебе..