"Moi: Бејб, сметаш дека е паметно да завршиме, пред да потонеме? Lui: Не постои, моја си. Ќе тонеме заедно!" Бејб, Мислам дека целиот универзум ни подаде рака. Небото почисто од сончево утро, Ѕвездите кои ни ги осветлуваа душите во мракот, Росата што ми го наводени лицето, после "се гледаме утре, пиши ми!" Очите твои сплотени во моите погледи. Брчката во која се заљубувам... Бејб, Можеби не требаше, ама не сакам да прекине.
Секој ден поминат со тебе ми беше огромна насмевка, пеперутки во стомакот, фантазии за заедничка иднина и feeling wonderful Сите тие години тебе ти беа фалби пред другарите: за мојот изглед, за љубовта кон тебе и тоа што правам за тебе Кога се разделивме плачев и мислев дека не можам без тебе.А знаеш што се случи од кога те нема во животов? Почнав со студии за тоа што го сакам, се пролепшав, се зајакнав карактерно и ги исфрлив сите идиоти како тебе од животот. Поедноставно кажано животот без тебе е подобар Кога се разделивме мислев дека јас не сум за тебе, во последно време гледам дека ти не си бил за мене *за старата љубов*
Извини стварно шо сакам некогаш да се опуштам, да не се замарам за ништо и само да се смеам со некој. Извини многу шо не знаеш да ме насмееш и да ми ги отргнеш мислите од сѐ. Извини шо врската ни прерасна во отров.
Не, не те изгубив јас, туку ти мене. А, воедно и цела љубов на светот. Утре кога ќе ти е тешко и ќе заборавиш на его, погази збор, имам големо срце за да простам. Ама нема да го сториш тоа, знам. Господ има план за двајцата, а дотогаш ќе преболам спомени. Тебе ќе ти падне сеедното зад кое се криеш. ... затоа што потиснатите работи пуштаат поголеми корени, а болката на оној кој напушта... доаѓа задоцнета, но добрата вест е што нема да те прескокне.