Добрата во мене би ти посакала само убавини но на површина исплива лошото од мене. Не можам да ти посакам ништо убаво затоа што не заслужуваш ништо убаво на овој свет како што јас не го заслужив сето она што ми го направи. И би требало да ми биде полесно но не е. Тебе одамна успеав да ти простам, не можам да си простам на себе затоа што дозволив да ми бидеш најголема грешка во животот. Ти благодарам за лекцијата, сега знам дека не треба да пуштам никого во мојот живот што се слатки на зборови а слаби на дела.
Ајде малку да се размрдаме со нашата песна ен...два...три... Морам малку да те р'чкам да ни биде интересно. Лепото моја....
Утре те носам на едно место да уживаме и направиме спомени. Утрешниот ден ќе биде ден за паметење и ден кој ќе остави трага во нашиот живот. Никогаш до сега не ме излажала интуицијата нема да ме излаже ни сега осеќам дека ќе се случи нешто убаво.Многу убаво. Утрешниот ден ќе биде не заборавен.
Четврток Лудо мое лудо те сакам. Мој животе мој карактеру мое мажиште Ахх тие раце силно што гушкаат. Ја сакам твојата сила, твојата маженственост,твојата харизма, твојата прегратка се твое сакам. Ме топиш
Знаеш што? Не можам повеќе, ама стварно. Заслужувам многу и сам знаеш. Или ќе се потрудиш малку и ќе покажеш дека ти значам или тоа ќе биде тоа.