Сето ова време се трудеше и успеа , честито унапредување ...верував во тебе кога и самиот не веруваше во себе. Во право си доаѓаат преубави денови за нас.
Едвај чекам да завршат овие неколку месеци. Ме полудува исчекувањето на непознатото... и не знам што ќе се случи со нас, само се надевам дека после сѐ, ќе најдеш среќа.
Знаеш, си зедов за право да ти ги посетам профилите. Порано ќе се нервирав за секоја твоја објава, ќе ја анализирав, ќе ја читав одново и одново. А денес не почувствував ништо, апсолутно ништо. Дали тоа значи дека чувствата кон тебе избледеа?
Па јас апсолутно би денов да го поминеме како пред три месеци, со мачорот, со кафе пред ручек на мини терасичето, зашто ни се може и немаме работа. Ама еве не, ниту заедно, ниту со мачор, ниту ручек ќе биде набрзо. Ајде, валјда за скоро универзумов ќе се стабилизира.
Полека почнувам да ладам. Не сакам да ти дадам до знаење затоа што мислам дека ќе помине. Ама се плашам, шо ако не помине? Нов човек не сакам да примам покрај мене, се навикнав на тебе. Но, не ме радуваш како порано. Не осеќам среќа и еуфорија кога сме ние во прашање. Еве вечерва ќе излегуваме, треба да станувам да се спремам. А јас немам волја да мрднам со прст. И да, пред плачење сум. Дај усреќи ме вечерва, аман веќе. Натерај ме да не се сеќавам на ова шо го пишувам сеа.