Ти ја видов сликата со жена ти. Таа носи близнаци, не можам да опишам колку сум среќна за тебе. Ти се оствари желбата која ја посакуваше како помал. Ме прашува другарка како сум можела да бидам среќна за тебе кога сум пролеала море од солзи заборавајќи дека издишав кога ти раскинав. Издишав!
Неколку часа со тебе ми поминуваат како 5минути... Те сакам многу и едвај чекам пак да те видам. Веќе ми фалиш...
Ти го заборавив гласот, неодамна истиот ми го изговараше името, се случија работи што ти не се избори, не те кривам бидејќи толку си сакала. Додека го пишувам ова се присеќавам на твојата насмевка и твоите бисер заби. Но гласот што сакам да го дофатам а неможам ме корни од глава до пети. Ти благодарам за сé, за секое добро и лошо што беше покрај мене одреден период. Сакав да те гушнам и изнамирисам за крај но среќен сум што не ја доби таа шанса, ти си мизерна и таква ќе останеш. И самата знаеш. Овие беа моите последни зборови за тебе комотно продолжи со твојот уфилман и вештачки живот Кукавице Те сакам Твојот : xxxxxxxxxxxxxxxхххх
Well, it's been a long time ago ... Се изненадив што ме побара после 3 години, не очекував дека некогаш ќе се случи тоа, иако се присетив денес на тебе, поточно на датумот дека ти е роденден, а ти како личност за среќа долго време си избледнат од мојата меморија, не ми шеташ веќе по мисли одамна, беше тешко, но се навикнав. И да, веќе не ме познаваш толку добро како порано што ме познаваше, се променив премногу, но не сум веќе истата од порано веднаш да дотрчам кога некој ќе посака. Не осетив апсолутно никаква среќа или возбуда, кога ме побара и разговаравме, дури се изненадив од самата себе колку бев смирена и зборев со толку смирен и едноличен тон, за разлика од тебе што знаеше на моменти да ти затрепери гласот и да воздивнеш. Зборев како со обичен странец, некогаш ми беше се' а сега ништо повеќе од само странец. Како и да е, сепак не те мразам, и не, не беше ти толку животиња како што самиот се нарече, колку што јас ти дозволив да бидеш, затоа што мојата добрина и толеранција немаа граници, и на крај кога ми пукна филмот од се' многу лошо заврши, на лош начин ја искажав мојата фрустрираност од се' што се дешаваше во последниот период, затоа што трпев премногу и си собирав во себеси, и на крај кога ќе пукне човек, тоа е, но така требало да биде. Не ми е криво за ништо, ми беше само една добра лекција и искуство во животот. Ми требаше долго време да си дојдам при себе и да се помирам со се', затоа што не беше само ти виновен, и двајцата бевме и испогрешивме во многу работи, но така требало да биде, од денешен аспект и подобро што така бидна. Сега конечно сум среќна и имам прекрасна особа покрај мене, човек што вистински ме цени и сака, и што е најбитно тоа го покажува и докажува. Со среќа новата работа во странство и новиот живот, мило ми е за тебе. Through oblivion
Имавме тежок период, среќен сум што го пребродивме и те сакам многу, и уште многу пати ќе се изненадуваш од мене (позитивно).
Извини што некогаш придавам значење на неважни работи, па ти создавам чувство дека не се грижам за тебе...ти си поважен од сè тоа.
Нашата љубов е победа,победа над сето зло,неправда,судбина. Ние заедно сме толку моќни што за нас нема ништо невозможно. Нашата љубов е чудо,моќ и победа.
Се извинуваш, кажуваш дека нема да се повтори, тогаш зошто ги правиш истите грешки, одново и одново? Се надевам дека знаеш колку грубо се однесуваш во последно време. Зошто би ти се јавила? Кога чуствувам дека си ладен, на пораките ми враќаш со два-три збора. Зошто толку се смени? Дали згрешив нешто? Ќе добијам ли одговор на моите прашања, некогаш?