Убаво што се најдовме и двајцата со пола срце. Ми значеше твоето присуство на начин што знаев дека не сум сама. Ми значеше твојот збор и се' што направи за мене последниве пар месеци. Фала ти што ми беше пријател дури и ко се понашав ко дива свиња. Фала ти што и вечерва ме извади од дома. Фала што ме пушти да видам колку човек што изгледа недопирливо и силно може да биде ранлив. Фала ти за сета внимателност и промисленост. И да знаеш, во последно често се прашувам дали сум само емоционално оштетена или ми е оштетен мозокот што уште ми си пријател, а толку згоден.
Денеска е нашиот ден. 4 години со тебе, љубов 4 најубави години во мојот живот. Да можев да ја искажам целата среќа што ја чувствувам поради тоа што се будам и заспивам до тебе. Среќата што ми ја носиш со секоја прегратка. И погледот во очите твои, за мене најсаканите очи на светов. Нема збор што може да ја опише оваа еуфорија. Вљубена сум во тебе како и првиот ден. Дури и повеќе. Љубовта не избледува ако има кој да ја негува Уште 400 години со тебе нема да ми бидат доволни. Те љубам, запомни го тоа
Ее драги мој, Ќе сфатиш ти еден ден како ми те изиграја за нивни кејф, а ти им одеше по кејфот и накрај си го загуби она шо најмногу ти вредеше во животот. Немојш ни да замислиш колку те сакав и сакав само тебе да ти е убо, се додека не сфатив дека јас тебе никогаш немат да ти сум на прво место, туку побитни ќе ти се роднинските врски. И вака денес ко ке се сетам на то, жал ми паѓат, ама од друга страна ти си крив шо не се спротистави на твојте "надредени". Жал ми е шо немаше сила и свое јас да се спротиставиш. И пак ќе речам фала ти шо ме остаде, дека јас немаше да имам сила да го напрам то. А тебе ти посаквам се најубо во понатамошниот живот и немој да дозволиш да ти уништет уште една врска , а јас ќе најдам некој шо ке му сум на прво место, шо ке ме поштоват, ке знајт да застанит зад мене пред другите и немат со нивни навреди мене да ме вреѓат
Љубов, да пројде само полагањево во понеделник, па да си уживам некаде со тебе, само тоа сакам. Многу ми фалиш. И едвај чекам да те видам затоа што времето со тебе ми е најубаво. Најспокојна и најсреќна сум. Не мислам на ништо друго...
Многу сакам да ти пишам, ама ќе се каам после. Милион пати правам пиши бриши. Знам дека ќе одговориш ради реда и ќе ме изнервираш повеќе. Две недели не ти текна на мене воопшто. Алал да ти е.
Ќе лажам ако кажам дека не ме здоболи тоа што го видов. Уште повеќе ќе излажам ако кажам дека скоро цел живот се надевав дека таква песна ќе ми посветиш мене. Ама поминаа веќе многу години, доста беше. До утре и ќе заборавам на ова. И пак не те мразам. Не можам никогаш тебе да те мразам а заслужуваш најмногу од сите. Ти посакувам среќа со неа. И јас си ја најдов мојата среќа.
Ти благодарам сонце за денешниот ден за подарената несебична љубов Од ден на ден ме радуваш од ден на ден ме полниш со љубов бескрајна Само можам да ти кажам Те сакам
Несакам да ги ризикувам љубовта, почитта и стабилноста кои ги добивам сега но знај, ти секогаш ке бидеш тој што не се заборава.
Што да ти кажам кога се си знаеш? Добро си ги научил сите мои лекции, а може и јас подобро сум ги научила твоите Не битно кој подобро (не)научил, битно нас да ни е добро и да си пичиме така