Ме радува што си ме сонувал дека сум починала. Старата јас умре, вистина е. Нема назад, само не знам уште како да ти соопштам дека не сакам со тебе да делам ни миг повеќе. Би сакала некој во мое име да ја заврши “работата“ па кога ке се вратам уште од прв миг кога ке пристигнам да вдишам свеж воздух без твои атоми. Дотолку ти и твоите дома направивте да ми се одмилиш. Браво.
Извини малку те запоставив денеска, а и утре ќе морам така ама ако положам ќе те частам палачинки од нашите омилени пошо ме трпиш.
Колку и данабројувам за се што сум ти благодатна малку е не можам се да набројам. Ми го разубави животот му даде днергија,живот,радост,љубов,внимание. Ме направи вистинска жена храбра,борбена, ме научи да се почитувам себеси,да се сакам себесе,ме научи повторно да се смеам да не се откажувам. Застана позади мене и ме направи успешна деловна жена. Ме направи среќна жена. Секој ден ми го правиш се поубав и поубав ме осипуваш со нежност, бакнежи, почит и заштита. Ме чуваш како капка вода на дланка. Ти си ми најдобриот поклон што животот можеше да ми го даде. Ти благодарам љубов за се те сакам и бакнувам.
Среќна сум... Бидејќи те имам тебе. Бидејќи секогаш имаш разбирање за мене. Бидејќи ме правиш да се чуствувам посебна, сакана, убава, почитувана. Бидејќи си пример за прекрасен дечко. Бидејќи си најдобар и си 1 во милион. Среќна сум што те најдов. Ти си делчето што недостигаше во мојот живот за да се биде комплетно. Те сакам.
Денес после долго време помислив на тебе. Но нашето немаше да успее, не те сакав, сакав друг (и се уште го сакам). Не можев да те лажам, премногу добра душа имаш, не заслужуваш да бидеш повреден. Два пропуштени повици од тебе. И ти помисли на мене? Не ти се јавив.. не сакам да ти давам лажна надеж. Можеби сакаше да ме прашаш како сум, до каде сум со животот. Но, јас не сакам да го слушнам твојот глас. За твое добро. Можеби патиштата некогаш ќе ни се сретнат пак. Но, не сум истата личност. Се сменив. Кон полошо. Тој што го сакам, не ми влијае добро, ама што да правам.. Најди си некоја што ќе те сака. Јас не сум таа, знаеш, нели?
Не знам како да ти кажам што чувствувам и за што размислувам. Страв ми е дека ќе ме сфатиш погрешно и ќе те изгубам...
Вчера, додека седев по полноќ, во утринските часови ми се пријаде некое топло печиво... Помислив, да ти се јавам, па би можел да се симнеш долу да земеш и да дојдеш до кај мене. Ама јас сфатив дека немам твој број, пак сеедно и да имав не знам само дали би го направил тоа.