Каде и да си, се надевам вечерва ќе погледнеш во ѕвездите и ќе сфатиш колку ми недостигаш, дојди заедно да ги гледаме исто како некогаш, знаеш каде да ме најдеш.
Премногу измешани емоции. А ме губиш, со брзина на светлината ме губиш... или се губиме двајцата. Само знам, не можам да се преправам дека сум океј. Зашто не сум. Не сме. Ќе не биде или не?
Толку многу ме изнервира кога ми кажа дека си бил на трчање. Ало, во Италија си! Те молам, слушај ги препораките. И не сум песимист како што кажуваш, само се грижам за тебе.
Ако не се однесуваше како мало дете можеби поинаква ќе беше целата ситуација. Сакам да бидам со тебе, нејќам да се зафркавам, не ли си свесен? Дај порасни...
Ќе бидам јас во ред, не грижи се. Само пушти ме на секунда, можеби на неколку минути. Ако потрае неколку часови или два – три дена, не чуди се. Можеби ќе потрае и неколку месеци, а кој знае...и година брзо поминува. Ама не грижи се, ти реков. Стрпи се, ќе ми треба само една мала вечност да те преболам и да те заборавам...
Многу ми е драго што немам дечко и не мислам на никого за време на короната. Фала ти животе, вреден си!