Не знам зошто ми се случува ова вака, на моменти, ја губам сета самодоверба и се однесувам се наопаку, во последно време.. Извини!
10 години и никако да ни се раздвојат патиштата. Понекогаш сакам да те прашам до кога ќе биде вака? Еве пораснавме. Сакам да знам, за да си продолжам со животот, со или без тебе, понекогаш навистина си мислам дека е време и дека заслужувам да знам.
После дождот доаѓа сонце, после долг период во кој мислев дека имам се, а всушност немав ништо, ти благодарам што ме научи како е навистина да имаш се. Едвај чекам да те видам
Кога ќе дојде денот да си одам од куќава и од твојот живот, посакувам само да можам да и ја видам среќната фаца на мајка ти.. Да знам колку ќе и олесни кога ќе се спасите сите од мене..
Животот ми е прекрасен зошто тебе те имам во него... Љубов си ми најголема од прв до последен ден... Јас не сум целосна без тебе најсакан мој...
Скоро година помина и уште не те одгатнав, ама не можам веќе да се измачувам за да ги дешифрирам твоите зборови. Или биди искрен еднаш во животот, или не ми се појавувај веќе пред очи.
Не знам како да си помогнам. Мислам дека сум скроз зависна од тебе. До степен на лудило и изнемоштување. Буквално никој и ништо друго не може да допре до мене.
Не мислев дека повторно ќе засакам но откако се појави ти се се смени. Со тебе сум најсреќна најубаво ми е во твојата прегратка душа моја си . Сакам секој ден да сме заедно времето поминато со тебе секогаш ми е малку. Ми недостигаш, Те сакамМ
Личности од минатото не ми требаат во сегашноста. Секој последен контакт и со двајцата го избришав, веќе време беше.