Да бидам најискрена со себе ич не ми фалиш, едвај чекам да си заминам од кај тебе и да имам нов почеток нека се шират мајка ти и сестра ти во станот...
Ги следам твоите постапки и гледам колку навистина се трудиш,но би сакала да ти кажам дека јас и ти сме небо и земја..не би можела да бидам со тебе.
Бејб, Нема нешо шо ти неам веќе кажано, Можда, дека ми се свиѓа шо палиш цигара само за да уживаш у неа. Дојди, Дојди држи ме за рака. Дојди насмевни ми се, Дојди и гледај ме заљубено. Дојди да се заљубам одново и одново. ... дојди Да броиме ѕвезди, Да збориме со погледи. Цигара јас частам.
Единствено шо ми фали во карантинот си ми ти. Не дека не сме се гледале и претходно по 2-3недели, ќе преживеам и сега ако е толку ама ако е повеќе, не можам без тебе... Без се можам, само без тебе не... Се надевам ќе се видиме што поскоро...
Само сакам да имаме повеќе вечери како онаа вчера. Цели шест часа заедно гушнати и пак не е доволно. Чувството на спокој кое ми го даваш не би го заменила за ништо на светот. Ти си дел од мене, па колку и да се расправаме, колку и да се лутиме и колку и да те мразам на моменти. Посакувам ова нашето да трае уште долгооо долго, не знам како би без тебе.
Не мислев дека волку ќе ми фалиш и колку и да не сакам да си признаам имам некакви чуства кон тебе. Нема да може да бидеме другари реално, барем сега. И ќе мора да ти поставам еден вид на ултиматум за жал. Многу ми значиш ко човек и не сакам да те изгубам ама тешко е зошто буквално нема лоша причина за која можам да се фатам. Само едноставно прелош тајминг. И секој муабет со тебе тешко ми паѓа. Не сакам пак да се ставам во позиција на чекање, вредам повеќе од тоа и ако не си спремен да видиш, i will move on.
После долго време ми се појави пак во мисли. Не можам да кажам дека не ми недостигаш, но со сигурност можам да кажам дека повеќе ми недостига личноста која бев јас, кога бев со тебе.
Ти предложив да ставиме пауза, целосно ми го изигнорира предлогот. Те сфаќам зошто. И јас не сакам да те оставам кога највеќе сум ти потребна, но и двајцата се препираме за се. Додека не помине ситуацијата во Италија ќе останам тука, за тебе. После најдобро е и за двајцата да тргнеме секој по свој пат. Иако знам дека не можеме еден без друг. Те гушкам.
Толку празно се чувствувам. Се од почеток почнува.Иста болка.Исто разочарување.Исто молчење. Се што ќе посакам ми се руши во раце. Можам во твоите очи да видам колку не ме сакаш.Не се потребни зборови. А јас сум рамнодушна. Да ме болеше.Да плачев барем.А јас ни тоа не можам. Не сакам веќе јас да сум таа силната.После секој пораз јас да станувам како ништо да не било.И пак од почеток да почнувам. Сакам да сум слаба.За да се исплачам и ова да помине. А ми фалиш.Само да знаеш.
Знам дека сум ,,малку'' напорна ама знаеш дека не можам без тебе. Извини што се однесувам како људо заљубена средношколка