Ми недостигаш... Ама добро, цел живот го имаме пред нас, не е страшно, ќе надохнадиме. Знаеш, толку многу те сакам што цел живот сум решена со тебе да си го поминам, се додека и ти го сакаш истото.
Ме разнежни сега со рефератов... Поубаво ќе беше во живо да те слушнев како кажуваш се, отколку вака да читам ама ако... Љубов моја, колку си само романтичен... Те обожавам
Да можев да те избришам од меморијата, ќе те избришев. И убавите моменти, да. За во иднина пак да можам невино да се заљубам, да можам да бидам слободна и без трауми.
Извини за се. Не сакам да замислам каква е ситуацијата во Италија.. Ми немаш пишано цел ден. Те мислам. Се молам ништо лошо да не ти се случи. Што ќе правам јас без тебе? Се ова ќе остане зад нас, нели?
Уште колку ли нема да се видиме... Срце ми се кине на помислата дека можеби 2 месеци нема да се видиме... Ама ќе пребродиме се, летото ќе биде наше. Што не помина за овие речиси 2г, па и ова... Само да сме живи и здрави, се ќе се надомести... Никој не рече дека ќе биде лесна врскава на далечина, но нашата љубов е посилна од се... Среќна сум што можам 24/7 да зборам со тебе, нека помине лудилото само. Те сакам знаеш.