Ова е крајот, I guess.. Ти благодарам за се. Заслужуваш се најдобро. Не се грижи.. ќе плачам неколку дена и ќе ми помине. Се надевам ќе најдеш некоја што ќе те сака искрено.
Лани на овој датум, го добив она што со години го посакував во животот. Лани на овој датум буквално лебдев во облаци и мислев дека постои рај на земјата. Мислев дека ќе си мој. После цела година сфаќам дека ти никогаш не си бил и нема да бидеш мој и искрено мило ми е за тоа. Тогаш бев среќна само една ноќ, сега сум среќна секоја ноќ.
Не сакам пролет не ја сакам таа лажна надеж која ја имаат луѓето мислејќи дека се е средено а баш тогаш сред март паѓа снег. Баш тогаш мојата душа е празна, и недостигаат едни очи...црни очи без кои животот е црн сега. Но знам дека после секоја бура морето ќе биде мирно..ти Ќе тропнеш на вратата која ти е затворена,внимавај само да не ја отвори некој друг држејќи ме за рака.
Колку малку сме заедно, а веќе на наши плеќи истрпивме болест на близок човек и пандемија. Уплашени, разделени eдно време, ама не попуштаме на стресов. После се што ми се задеси периодов, глетката сабајлево како спиеш а надвор врне снег е единственото убаво нешто што се случува во гомново од 2020. Ако сме вака at our darkest times, едвај чекам да видам какви ќе се the happiest times.
Веројатно има некоја причина што ми пиша во овој период. После скоро цела деценија ротација еден накај друг веројатно ке се сретнеме кај и да е....
Ми ја прочита фацијалната експресија, знаеше веќе дека тука некаде е крајот нели? На твоето прашање не можев со лага да одговорам, ме знаеш барем... Останува уште официјалното и да се поздравиме еднаш засекогаш. Мирна сум да знаеш само...
Фала ти што ми помагаш за сите работи дома. Знаеш колку ме направи среќна вчера кога рече заедно ќе го правеме пролетното чистење и што ми помогна во еден ден да го исчистиме цел стан. Љубов моја те сакам затоа што си посебен.
Не ме слушаш.. Никогаш не ме ни слушаше.. Секогаш лебдиш некаде со мозокот и играш на ПЦ..а јас зборам ли зборам.. И кога ќе кажам еден битен детал одма скокаш - ааа зошто тоа а не ова?! Затоа што пичка ти мајчина не ни знаеш што банани изедов додека не ме слушаше за на крај за сосема погрешна работа да скокнеш на кавга затоа што не си ме ни разбрал што сум кажала.. Е затоа нема да не биде.. затоа што не ме слушаш.. Затоа што кога зборам како глупача некоја, твоите уши се занесени по нешто друго.. Еби си матер говедо, вади се сам од калта овој пат
Усни да ти бакнувам, нежно да те прегрнам, да ти признам, љубена, дека си ми сѐ. Срце не се лекува, ќе те сакам довека, ниедно сеќавање немам без тебе.