Вистината ли? Вистината е дека ме уништи исчекувањето, ме уништи фактот дека ќе си заминеш и незнаењето дали некогаш работите ќе бидат исти како што беа пред една година. Се обидов и да те заборавам, се обидував да бидам со други за да не мислам на тебе, бегав од тебе, бегав од секој заеднички спомен. Колку и да бегам од вистината преку ден, во соништата секогаш си тука, ме гушкаш силно и ми велиш дека се' ќе помине. Ужасно ми фалиш. Ме боли секоја моја грешка. Ме боли секоја твоја солза. Среќа ли? Среќа во сиот живот почувствував само кога наутро се будев покрај тебе, кога ме држеше за рака додека учевме, кога заедно готвевме и гледавме серии секоја вечер. За мене не постои поубава реченица од она твоето „те љубам“. Љуби, љубов, љубена. Нашата приказна започна со „Си живееле среќни некогаш во едно далечно царство“, а заврши со едно „не можам веќе“... Жал ми е, тешко ми е и ги проколнувам сите денови без тебе. Да постоеше копче за назад, ќе се вратев токму на тој кобен 29ти јуни, и само ќе ти речев те сакам. Те сакам и фалиш.
Ми недостигаш... Мислите цело време кај тебе ми се што и да правам. Сакам да помине што побрзо ова за да те видам.
Знам дека не можеме да се гледаме секој ден, зошто сме од различни градови и башка ситуацијава моментално е страшна. Ме плаши малце сето ова и затоа се запречкувам со тебе за ситници, зошто знаеш колку ми фалиш кога те нема овде. Едвај чекам да заспивам до тебе секоја вечер, да не ја чекам нетрпеливо секоја следна средба, туку да сум постојано таму до тебе, со тебе. Уште месец дена ќе има година откако по втор пат ми влезе во животот и (непланирано) ми го промени од корен. Те сакам лудо мое. Премногу
До мојот Б. Ми фалиш, многу, сакав да заборавам, се правев силна, но премногу е, сега знам дека и ти истото го чуствуваш замене, не си верувавме, осеќам дека треба да ти се извинам за некои работи, и мислам дека ке имам прилика за тоа, истото ми го должиш и ти, знам дека ништо не е завршено, и верувам дека ова се случи за наше добро, со таа сликаа ми даде знак, да, ја видов, затоа сега почнуваме од почеток, со многу повеќе љубов, те гушкам, а ти место мене гушкај го мечето, те сака твојата Б.
Стани бе. Конечно да станам порано и сега ти ќе спиеш до касно значи. Се сменивме. Досадно ми е, сите спијат, ај стани бар ти, да ме дружиш.
Јас се каев што те излажав за обична работа а ти, ти си бил полош од сите. Ова е последно што ме гледаш слободно продолжи, да пишуваш и да се гледаш со секакви. Мислеше од далеку сум па нема да дознаам? - Епа се излажа. Знаев дека нешто не е во ред, сега ми е јасно зошто си бил сам. Нема да дозволам повеќе да ме лажеш не сум јас ничија играчка.
ТЕ САКАМ Ти благодарам што ми го разубавуваш животот. Без тебе не знам што би правела... не сакам ни да замислам. Ти благодарам за секој момент, секој ден, секоја прегратка и збор за утеха. Знам дека сме заедно и во добро и во лошо... Без тебе не би успеала...
Мн ми е жал за се низ кое минуваш поради мене...Многу За сите ноќи кога остануваше буден до зори... За сето исчекување...и сиот страв За сето она трчање со мене по лекари...и секогаш истиот разочарувачки одговор... За сите мои испади во моменти на немоќ... Никогаш не ја тргна насмевката од лицето Ниту ја изгуби надежда Твојот одговор од секогаш бил...Се ќе биде во ред Ти благодарам што кога тонам ме вадиш на површина Ти благодарам за сите разговори до 4 наутро Ти благодарам што ме составуваше секогаш кога други ме рушеа Не чека нов месец и нова борба Се отпочеток... и уште едно твое..Се ке биде во ред