Ти, што ми ја украде душата, ти, што ми ја зароби младоста, за што ќе патам во животот, за кого ќе дадам сè.
Се ми е измешано во главата. Ми е страв да не те повредам. Ти најмалку заслужуваш да бидеш повреден, бидејќи беше до мене кога ми беше најпотребен. Ама ја заслужуваш вистината, колку и да е болна. Никогаш ти немам кажано лага, иако вчера кажа дека долго време ме знаеш и по моето зборување знаеш кога те лажам. Зошто овие две години не сфати дека го мразам прашањето -Како си? Знаеш кога не ми е денот, точно, и ми ја даваш најголемата поддршка. Ми објасни милион пати дека ти е грижа за мене, и затоа ми го поставуваш тоа прашање. А мене ми е страв, дека е обратна ситуацијата, дека воопшто не ти е гајле за мене. Да, те лажам за тоа како сум. Ми недостигаш!!! Но толку многу си далеку, ВО ИТАЛИЈА! Ситуацијата можеби ќе се смири после неколку месеци. Како ќе издржам јас толку време без тебе? Чувај се. Те сакам.
Уф, само да знам сега што значеше ова и што ти е во таа твоја луда глава и кога ке ти помине инаетот.
Дали ова беше крај за нас? Оладив скроз, а ти си како првиот ден. До мене ли е? Го заокружувам овој ден - за нашиот крај. Биди среќен.