Бејб, Не знам више како да ти се обратам. И сеа да го читаш ти овоа ќе ми кажеш: "зошто бејб?". Затоа што бејб, затоа што. сонце си, И месечина. И љубов и болка. И најмила насмевка. Не бејб, Не дозволувам никој да те повреди. Да ти го допре лесно ранливото его. Мој си, а јас себична. Пустошам се што сака да ми го искине моето. И не можам.. еве ова не можам да ти го кажам. Ќе знаеш дека си ми љубов Ќе знаеш дека си ми "ахилова пета". А јас болка не поднесувам.
Ова е мир. Да те гледам дур спиеш со мачорот ушушкан до тебе - не ми го топлиш само местото во креветот, туку и душава. Не знам што да побарам повеќе. Ти си ми дома, и најдобар другар и топлина. Сите бури полека ми се смируваат, и конечно почнувам повторно да дишам длабоко. Растам. Овде, дома. Среќна сум љубов, чисто и искрено.
Вчера додека разговаравме на телефон многу ме расположи , ме расположија и старите спомени се потсетивме на многу прекрасни моменти , дури очите ми се насолзија од помислата колку сум среќна со тебе ,единствен си незаменлив си .. Вчера доцна не можев да заспијам и си мислев на многу работи за нас се потсетив на тоа што кога бевме на почетокот ти реков еден месец и ќе ми здосадиш .. како сум можела да ти речам така ,толку многу работи се сменија откако те запознав и премногу сум среќна што си дел од мојот живот,понекогаш се прашувам со што заслужив толку прекрасен дечко. Овие 6 години до тебе поминаа толку брзо ,дури не ми се верува колку добро ме познаваш подобро од самата себе си што се познавам ,доволно е само да те погледнам во очи и да знаеш што ми е или што сакам. Не можам да ти опишам со зборови колку многу те сакам ,знам дека по екогсш во караница знам да кажам зборови кој не ги мислам затоа те молам прости ми за сите лоши зборови кажани од моја страна ,поради тебе се трудам да станам подобра личност
Сакам да си тука до мене. Сакам да бидеш мој. Посакувам многу да ме мислиш ти мене, посакувам да не сум заборавена кај тебе. Да кажам те сакам е малку. Очекувам во секој момент нестрпливо твој повик. Ама трпелива сум. И да знаеш и јас секогаш сум тука за тебе кога и да ти затреба. Сакај ме како што те сакам и јас. Сакам да сме заедно. Кога би имала право на една желба исполнета од тебе тоа би сакала да е нашата љубов да е вечна и ти да си среќен со мене. Тоа ми е доволно. И заедно повеќе да поминуваме време и среќни денови што е можно повеќе.
Знам, уствари осеќам дека ме немаш заборавено, и дека копнееш и ти помене, ама денеска, после долго време останав сама, во својата соба и се осеќам лошо, изгледа затоа што ми фалиш, и затоа што полека губам надеж дека пак ке бидиме заедно, те снема повторно, замисли сега јас и ти, во село, секој викенд, како што замислувавме, како убаво ке ни дојдеше коронава, ке се изнауживавме, све ми фали со тебе, многу сакам да те видам, не сум те видела ни слушнала од кога се разделивме, ми ѕвонеше телефонот една вечер, вака гледам приватен број, помислив дане си ти, но не се јавив, незнам зошто, мислев дека пак ке ми ѕвониш, но не се јави повторно, ѕвони пак, ке кренам само да те слушнам..