Ме разочара. Дали ќе се извадиш некако од ова или ќе ја влошиш ситуацијата зависи само од тебе. Јас немам што да се докажувам.
Ти си тимот за кој секогаш ќе навивам...Што сакам за род ли?Да се смееме погласно и гушкаме по јако во иднина.Само тоа Ќе надокнадиме наскоро се Да оставиме се небитно настрана...Не вреди ништо повеќе од нас 4 ца.
Уште не ми е јасно како некој може да е буквално совршен...Да те измислував немаше да бидеш ваков Едвај чекам да си живееме заедно за еден месец
Еднаш у месецот си викам ај ќе дозволам муабет нормален да имаме (така си мислев дека ќе биде) ама семката твоја гнасна копиле скапано не може нормален муабет да направи без да извртува ствари у своја полза за да се издигне. Мизерен и патетичен си бре копито едно. Осет нешто, знаеш за тоа? Еве сега го препрочитувам четот од вчера, не ми се верува што читам. Не ми се ве ру ва. Ми се гадиш. Ако порано ме можев да замислам иднина без тебе, сега не можам да замислам ни да те видам. Мислам дека магистрираше за струката “Куртон од манипулаториште”, честитки. Цркни.
Кога ќе помислам се што се случи, се ледам. За момент однемувам никакви чувства. Ниту целиот хаос не ме вознемирува. Твоите мили зборови не значат ништо. Добро знам. Не ме сакаш. Но сепак ми годи твоето внимание. Којзнае. Можеби...
Те замислувам....го замислувам твојот поглед. Со еден твој поглед треперам цела. Ја сакам таа твоја насмевка, тоа слатко дупче на твојот образ. Колку и да речам ми фалиш, со збор не се искажува тоа чуство.
Толку набрзина се случи сѐ што дури се чувствувам како ништо да не случило. Не ми фалиш, не сакам да си до мене. Единствено ми е криво за потрошените пари, време и нерви. А ти, алал да ти е што издржа цел месец да глумиш.
Уф колку има да се пишува за овој ден лани. 1ви Мај 2019. Ненормална болка зададена по втор пат, пак од тебе. Никогаш нема да го заборавам првиот пат кога ме повреди, пред 7-8 години можеби..деца. Ама и тогаш премногу болеше и истиот ден си ветив дека нема да дозволам да ми влезеш повторно во животот ама, животот знае да си поигра понекогаш. И пак ме повреди, после толку години, буквално на истиот начин. Првото ти го простив, второво дур сум жива, нема. Како и да е, нема ништо повеќе да напишам за ова лани, немам ни желба а ни корист од истото. Мило ми е што денес психички сум импресивно поразлична од тоа лани. Денес сум среќна.
Стискам заби.. Одбивам да ти ги посетам профилите, и да гледам колку си убав. Веќе не. Не сакам да се сеќавам повеќе. Точаче, оправи се, разбуди се, не е тој за тебе, те повреди, раскрши, уништи. Уништи ја надежта дека пак ќе бидете заедно. Скршеното не се поправа.
Се воздржувам да не ти ја кажам вистината. Знам дека многу ќе смени. Барем за мене. Може еден ден ќе соберам храброст.