А што ако навистина е можно она "the right person in the wrong time"? Еден ден можеби ќе дојде the right time for us.
Едвај чекам јуни да дојде. Нашиот месец Како се да беше шала кога почнавме, а сега полека и за втора годишнина се спремаме и планираме како да ја прославиме... Со тебе не 2 години, 100 сакам! Среќа си ми.
И оваа година повторно разделени. Среќна годишнина ханичко мое, те сакам повеќе од се ги бројам минутите кога ќе те гушнам и нема да те испуштам од прегратка
Би му кажала дека го чекам на старото место од средношколските години, таман кафиќи не работат ама не сака да ме чуе ни види. What a shame.
Едвај чекам кога ќе имаме дечиња да им раскажуваме како се запознавме Сите најубави приказни така почнуваат.. Сосема случајно и неочекувано.. Баш како и нашата.. Затоа е совршена
Овде прв пат пишував за тебе, ова нека биде збогум, овој пат навистина. Ќе си дозволам последно да напишам неколку реченици за тебе. А нареден пат кога ќе пишувам овде, ќе бидат само убави работи. Те сакав, ама онака вистински, со сета душа, срце, тело. Те сакав искрено, и многу солзи проплакав за тебе ама не се каам, знам дека сакав, знам дека умеам да сакам. Те сакав со сите маани, недостатоци, те сакав и со празен џеб, те сакав и кога ми мрчеше. Јас илјада пати ти простував, не знам зошто, ама сфатив дека беше најголемата грешка што попуштав на секое галамење и урлање. Ти простував многу испади, ама ти? Ти чекаше една моја грешка за да го истуриш сиот бес кој си го имал низ годините дури и кога не се познававме. Сите комплекси ги лечеше со мене. Бејби, ништо не можам да ти посакам. Ниту убаво, ниту пак лошо. Убаво не можам да ти посакам затоа што ти ми го уништи животот, ама пак не сум човек кој посакува лоши работи, немам таква душа. Ми остави длабока трага, лузна, ми остана кошмар, ама пак не можам да негирам и за убавите моменти. Не знам каде си, што правиш, и признавам дека на моменти ме копкало, ама после вчерашниот овертинкинг сфатив колку време изгубив тагувајќи по тебе, изгубив и многу личности поради тебе, а се изгубив и себе. Дозволив да пропаднам но вчера ги избришав солзите, и си ветив себе дека од денес нема повеќе да зборувам за тебе, да мислам на тебе, да ти посетувам профили, да пишувам за тебе, макар пукнала. Има луѓе кои ме сакаат и едвај чекаат внимание од мене, додека јас го барав тоа од тебе и добив само трошки. Само едно сакам, остани ми добро. Ти благодарам за лекцијата, ќе ја паметам цел живот, ама тебе повеќе не. Ќе останеш само длабоко закопан во срцето, за кого ќе одбивам да зборувам. Поздрав.
Се сетив на оние ноќи, пред многу години, кога пишувавме до рано наутро, кога можевме да зборуваме на било која тема и ни одеше муабетот. Кога после некое време ќе се скаравме за глупост, па прекинувавме и наутро кога едвај можев да се разбудам за училиште, лута викав веќе нема така да биде, не ти пишувам, вака, онака ќе биде. До кога? До наредниот ден кога те гледав вклучен и едвај чекав да си кажеме нешто. Толку бев слаба на тебе, толку многу те сакав. Многу работи останаа недокажани, неразјаснети... Како и да е, секогаш ќе се сеќавам на тебе, еден ден можеби ќе биде без болка во душава.
Си заслуживме еден викенд само за нас, без никој да не замара.. Во хотел со џакузи, базени... Знаеш како да ме изненадиш
Не заслужувам толку добра личност како тебе. Ти благодарам што ме разбираш, не знам што би правела без тебе. ТЕ САКАМ!
Сакам да те гушкам додека во позадина се слушааат „нашите“ песни. Сакам пак да ме бакнеш на истата клупа. Сакам да купиме фамилијарна пица и да ја шетаме низ град додека се бараме со друштвото. Сакам да го исчекуваме секое видување. Сакам пак да се заљубиме како некои тинејџери, ама овојпат да бидеме паметни, рационални, смирени и сигурни еден во друг. Знам дека може да се изведе ова бидејќи пораснавме и двајцата. Сакам секое утро да се будам покрај тебе. Сакам се` со тебе.