Леле, леле, леле колку ми е мило да те гледам вака мизерен. Душичкава ми се полни, најискрено Џабе се трудиш мац, све ти е џабе сега. За мене си само уште еден сегмент од животот кој ќе остане во минатото, и кој за некое време кај и да е ќе го заборавам скроз. Обожавам тоа што се трудиш да збориме, ми даваш комплименти, а јас не правам ништо освен што у фаца ти плескам све и што мислам и што не мислам, те спуштам подоле од дно и само со отров и ладноќа се расфрлам Ептен, ептен ми е убаво и мило што те доведов до ова дереџе, се надевам никад нема да се искачиш на висока позиција во животот и никад да не бидеш задоволен од ништо дај Боже. Поззз
Многу те сакам да знаеш дека многу го ценам тоа што толку се грижиш за мене прекрасен си во секоја смисла на зборот, што би можела повеќе да посакам?
Сакам да молчам. Сакам ни збор да не ти кажам. Ме читаш меѓу редови. Може си свесен. Не знам. Може и да не знаеш. Само реалноста никој не може да ја смени. Вистината ти се познава во очи.
Никогаш нема да ти заборавам дека ме излажа. НИКОГАШ!! Навидум ти простив, но не заборавив. Тоа да си го запамтиш/ Најмногу ме нервира кога мислиш дека нема да дознаам. Човече бре ти одиш со мене а не со некоја што нема да размисли. Заборави дека сум спремна се да направам за да дознаам тоа што сакам? Браво мислеше дека сум будала. БРАВО!!!
Ти спремам едно изненадување убаво за роденденот, нешто што одамна го сакаш, сега ќе го добиеш. Се ќе биде совршено, никогаш подобар роденден не си имал од овој што ќе ти го приредам сега. А после тоа, следува уште поголемо изненадување, планот што сега се крои, ќе почне да се реализира. Ќе дојдат моите пет минути и сите компромиси што ги направив, ќе ти дојдат на наплата. Држи се, полетуваме
Ми е страв да не те изгубам. Премногу ми значиш. Можеби не требаше да дозволам да ми значиш толку многу..
Таман сакав да ти дадам шанса ти ја уништи со нешто што знаеше дека ме нервира. Кај виновен, па и бега. Уживај меќе, you won.