Ме потсеќа на синоќа Полициски час..мај ес... Пак ќе ти речам...коа се сака (читај коа го сакаш) се се може
Ме измори од смеење. Дел не ни слушнав што ми збориш од што завивав. И очите ми се подуени од солзи шо ми истекоа. Не си свесен колку добро ми влијаеш. Никогаш нема да можам да ти доловам колку те обожавам. To infinity with you.
Па само ти можеш мртов сериозен да ми пишеш "Сакам да направиш нешто вечер кога ќе се стемни", да ми еротски филмчиња во глава и да ми пратиш албум од твоине омилени да си го преслушам.... смотан еден..
Има денови кога те сакам премногу и не можам да си го замислам животот без тебе, а исто има и денови кога премногу ме нервираш, дури ме тераш и да заплачам за сосем небитни нешта кои те "изнервирале" несакајќи.. и овие вториве денови се почести и се тие што ме мачат многу и не ми дават сила да продолжам понатаму... Сакам да си останеше каков што беше на почетокот ведар, без грижи и нервози, а сега почна се повеќе и повеќе да избувнуваш и да не се контролираш. Знам тешкп ти е во овој хаос што е околу нас, и мене ми е, ама тоа е... Се надевам се ќе помине, само што побрзо да помине....
Многу те сакам ,може ќе звучам клише ама не можам да живеам без тебе ,ти си нешто најубаво што ми се случило и сите убави па дури и лоши моменти со тебе за ништо на светов не би ги сменила.
Ти си толку прекрасна личност, се гордеам со тебе, со тоа што си ти мојот дечко. Дури кога те запознав не ни очекував дека си толку прекрасна личност. Ме изненади многу, многу позитивно и сè уште ме изненадуваш, таман ќе помислам тоа е врвот, ти ќе направиш пак и пак нешто толку добро. Ме натера да верувам во љубов, во се што некогаш мислев дека е само премногу филувано претставено во книги и филмови... Ми го смени животот и ми го обои цел свет со љубов. Не ми се верува дека ова е мојата реалност. Ме правиш пресреќна, ме правиш да се осеќам сакана, посебна, битна... Се додека те имам тебе, не ми е гајле за ништо. Остани засекогаш, малку ми се и 100г со тебе!
Верувај и оваа битка ќе ја победиш. Се молам да не замини никој од твојот живот. Не сакам да тагуваш да се навраќаш на спомените од смртта на твојата мајка. Не сакам да поминуваш низ истото. На сакав на ваков начин да поверуваш дека постои пекол што го потресе цел свет.
Ти си таков човек каков што јас би сакала да имам до мене цел живот. Сигурна сум во тоа колку што сум сигурна дека ти немаш исто мислење за мене.
Зошто мислам дека ти си тој? А, ти немаш сфатено и... ќе научиш на потежок начин. Дај боже да грешам и никогаш веќе да не те видам ама ако сум во право 1% значи мојата интуиција е за пофалба. Само биди ми добар, секогаш ќе имаш посебно место кај мене. Збогум.