Боли денеска. Боли затоа што те сонував, и никогаш нема да престанам да те сонувам. А колку те сакав, у пичку матер колку те сакав. Тоа беше тоа, ти ми беше љубовта на животот. Сега те нема, а сите останати се тука за да ми го одвлекуваат вниманието од тој факт.
Колку го мразам фактот шо во последно не можиме да поминиме квалитетно време заедно. Време имаме на претек, а немаме каде. Сега па наредниот период уште помалку, рачунајќи дека цел месец ќе бидам во друг град, Оф, оф, оф..
Оваа не го очекував, оваа нема да го заборавам дефинитивно... Промена мора да има и ќе има кај мене а богами и кај тебе,само што кај едниот ќе е позитивно кај другиот скроз негативно...
Не ми значиш како претходно. Веќе сеедно ми е дали ќе те изгубам или не. Искрено, ми годи оваа ладнокрвност спрема тебе.
Речиси 3 месеци те немам видено, аман, ќе си пукнам вака. Никад ова не се десило, 3 недели ни беа многу, а види сега 3 месеци испаднаа... Не сообраќаат автобуси, состојбата не се подобрува, што друго ни преостанува освен да се тешиме дека може месецов не, но следниот ќе се среди нешто сигурно Следен месец ти е роденден, годишнина ни е, бар тогаш да можеме да се видиме... А толку мислев бар месецов ќе може да се видиме ама ништо... Те сакам и многу ми фалиш, не ми е доволно да те гледам на камера и да ти го слушам гласот преку телефон само!
Наместо да ми одговара ова твое однесување кон мене, мене ми смета.. Ни самата не се сфаќам понекогаш.