Те сонував... Тоа што очајно го сакам од тебе, ми го даде на сон... И денес уште толку се затрескав во тебе.
Не знам што се случува со мене, но неможам да те извадам од глава деновиве. Се сеќавам на моменти што сме ги доживеале. Се сеќавам кога сонцето заоѓаше, месечината полна изгреваше, а ние игравме. Се сеќавам на нашиот прв дејт. Тој поглед срамежлив...Имаше нешто во тебе. Чувствував дека имаме исти очи. Се сеќавам кога си замина во странство. Ме гушна силно, не сакаше да си одиш. Се сеќавам кога се врати. Се сеќавам на секоја пеперутка, желба да те видам. Се сеќавам на страст што не можам да ја објаснам, на твојата кожа, твојот допир, твојот мирис, како ме бакнуваше, ме држеше... Се сеќавам на твојата ранливост. Се сеќавам на твојот страв. Беше превише за тебе. Јас бев превише за тебе. Се сеќавам на твоето лице додека лифтот се затвораше. Тогаш последен пат те видов. Од тогаш сакав да се избрише секое сеќавање, како што ме избриша ти мене. Ко никогаш да не сме постојале. Ете гледаш, не можам. Толку убаво се сеќавам. На се. Барем помислуваш ли ти на мене некогаш?
Океј уште се смеам, малце очекував денес да ми дојдеш ама не и се што кажа и направи. Дефинитивно за 180 ми смени муд. Простено ти е максимално
Трчај, да не ти избегаат другарчињата случајно, трчај по нив на прва вечер без полициски час! Трчај! Само кога ќе ти се случи истото што на многу од нас ни се случи - кога ќе останеш без нив, не ме барај мене, нема да бидам тука повеќе...
Не знам. Се’ е толку конфузно. Јас сум конфузна, ти си без никаква иницијатива, мајко мила. Не знам љубов ли е ова? Константно бркање и удирање со глава у ѕид. Мислам дека што и да направам за тебе е малку. Не знам, а можда и сум пијана. Ама и трезна, мислам дека Не знам.
Дојди да ти спијам во прегратки. Дојди да јадеме руска салата од една вилушка. Дојди да те бакнувам додека ја играш игрицата. Дојди да ме скокоткаш кога се лутам. Само дојди ми. И не заминувај.
Со оглед на тоа што не верувам веќе дека јас и ти некогаш би се виделе, работите што сакам да ти ги кажам ке ти ги кажам тука зошто и онака немам храброст да ти ги кажам на чет у пишана форма... п.с. вчера го пишав текстов, ама, за нечија волја ми се дилитна целиот пред да го испратам тука... Spoiler: Предолг е текстов, ако не ви е за читање не читајте и така е за него наменет. Целта на овој текст ми е “да знаеш“ дека си ми бил во мисливе до сега со години.. Потребно ми е да се навратам пред многу години, дури и некако страшно ми звучи кога би рекла дека скоро деценија помина од тогаш... Во погрешен момент ми се појави, но ми изнуди надеж некоја, некои чувства интересни, некој вид заљубеност. Дваесет годишната јас се затреска у лик како тебе. Немаше ден а да не помислам на тебе, да не си пишевме, да не разменевме некој убав муабет, некоја убава енергија и онаа невина надеж за наше видување. Сакав и со флаша вино да те изненадам, знам ти текнува, рече за син ти ке го отвориш се убаво и фино се одвиваше, па те снема онака суптилно. Веќе бев свесна дека станува збор за друга, ок е, се налутив ама не ти кажав ништо, у мои очи падна најниско што можеше. Не ми беше сеедно. Ми текнува последен пат си пишавме за мој роденден, па по некој ден те избришав а со тоа и од животот те избришав, не можев да ги поднесам сликите со нејзе. Зборев со другарка ни, ми кажа нешто што ме стави у мисла ама вешто го игнорирав тоа, ќе ја цитирам: Пер, не знам зашто така ти направил, ама, не е лош тип немој да го мразиш, те молам. Баш чудно ама ок, нека биде така, таа повеќе те знае од мене. Од тогаш, знаевме кога-како да те спомнеме со нејзе ама стоев цврсто на тоа дека не вредиш. После некои 3 години од тогаш ете си, пораче од тебе, морам да ти кажам дека ми беше премило што пак ми пиша, ама, немаше простор за шанса, и самиот беше свесен, плус почнував една надежно-безнадежна врска па немаше смисла да прокоцкам нешто ново за некој што еднаш ме заебал. Го завршивме муабетот, си продолживме по патот. Но, дали си свесен од тогаш што се случи? Драг мој Дарко, јас не прекинав да мислам на тебе од тогаш. Ми прелетуваше низ мисли, сакав да знам како си, како ти е животот, што правиш... И овојпат успешно си ги трпав емоциите и прашањата под тепих. Поминаа пак некои 3 години, еве си повторно... Сега ситуацијава подруга, сингл статус, ми пишуваш, пак се извинуваш, продолжуваме, и ете ти го муабетот за флаша вино... Тука се сецнав, си викам на умов, добро ма свесна си дека те заеба типов? Дека ке испаднеше глупача? Ок, кревај тоа ѕидишта околу тебе, пуштај егото на најјако и пукај. Кажи му се, и што мислиш и што не мислиш! Твојот одговор на мојата реакција беше дека потполно ме разбираш и ме оправдуваш заради тоа што го имаш направено. Прекинавме комуникација. Некој ден, после нашиот муабет, на една свадба го гледам твојот најдобар другар, братучед ми ме фаќа за рака и ме носи кај него да сме запознале... се запознаваме и малку ми фалеше да му речам дека те знам, малку ми фалеше да го тргнам егото на страна и да ти пишам да ти кажам кого имам запознаено, ама и овој пат си го ставив егото пред се . Пак те избришав, што ке си ми, ти кој ради тебе егото ми е повредено. Си продолжувам со животот кој не ми е ништо друго освен карпеста угорница. По две години кај другарка на профил те гледам тебе WTF? Кој к*р бараш кај нејзе? Чекај малку, и кај вереникот нејзин си? Чек, и кај друга другарка си? Ок, одма и пишувам на другаркава од кај вие се најдовте заедно... Аха, ок, од работа. А јас и ти од кај се знаеме, ме прашува. Хм, вешто одбегнувам да раскажам за наша историја па и кажав оти некогаш сме имале комуникација сега немаме баш... Со некои илјада прашлници у врска со тебе, повторно. Со таа разлика што и овој пат сум у врска, како влегов у истава и како се заглавив ни самата не знам . Нејсе, веќе навлезена у психотераписки води, имам една сеанса каде што освестувам страшни работи кои се неповолни за моето его. Ти си имал апсолутно право да си правиш тоа што самиот си мислел дека е најдобро да го направиш, тоа што јас сум била со еден куп очекувања е мој проблем. Преспивам на тоа, ме копка мислата за тебе, како си, каде си, дали си среќен, мислиш на мене? Еден куп прашања а у меѓувреме си тонам лагано у врскава која нит се води нит се тера. Ок, една вечер не можев да издржам, ти праќам понуда на фејс, наоѓам причина да ти пишам, целта ми беше да ти кажам како се чувствувам и да ти се извинам, но, енергијата не е таа веќе, не си истиот ти, дали дека набрзина ми разлиста низ профилот па виде дека сум у врска не знам... ОК, не мора да ти се извинувам, не мора ништо да ти кажувам, битно ми е што си добро, нека те имам тука, да те гледам макар виртуелно. По некој месец за мое изненадување еден куп нотификации од тебе... си ми лајкнувал слики од пред 100години свашта, ја прашувам братучетка ми што би значело, на што ми одговара: Па те манијачи типот ма ок, вешто го игнорирам тој момент. Си минуваат месеци, еве пораче од тебе за мој роденден, краток муабет, мило ми беше што ми пиша иако веќе енергијата не е тоа што некад била. Си велам, ок е, нашето не ни требало да биде, само вака од роденден за роденден ке си прајме муабет. По месец дена ете си пак со пораче за некој пост што сум го ставила, убаво започнато утро, со некоја непријатна доза на тахикардија у врска со тебе, не можеше да ти пратам нешто на мсн па морав преку вибер, дали ке се лутел дечко ми? Хах, кој црн дечко си викам на паметот, некој што гзот нејќе да си го крене да ми помогне нешто? Денот ми помина мислејќи на тебе у исто време сфаќам колку сум само несреќна у таа врска без врска и дека е редно да ставам крај, је*еш му матер, кај е мојата среќа тука? Една вечер си пишавме пак, овојпат енергијата беше таа имаше флоу имаше муабет, во еден момент си се отвори и ми кажа: Мора да се видиме јас и ти, знам дека имаш дечко ама мора да испиеме едно кафе. И јас сакам, ти одговорив. Премногу сакам да те видам. Си се отворивме на емоции таа вечер, конечно дојде и мојата шанса да ти кажам што ми лежи, дека ми е криво што така ти се испонашав тогаш, дека стварно ми е жал за тоа дека егото ме водеше... Сега повеќе би се ценеле, би знаеле да разграничиме добро од лошо, велиш. Си ја затворивме вечерта, замина да спиеш а јас заминав у моја внатрешност да се преиспитам по милионити пат каде терам со животот и со тогашната врска. Не престанав да те мислам, не престанувам да мислам какви би биле ние заедно. Имавме комуникација, сега повторно немаме, пак се враќаме на нула. Дали ради ситуацијата која е идентична како онаа на почетокот, не знам. Знам само дека за роденденот ке ти пишам и тоа ке биде. Немам веќе надеж дека некогаш јас и ти би биле заедно, макар на едно испиено кафе. Сакам да ти кажам дека те мислам, си ми во мисли, овој пат не ги кријам чувствата ги оставам во мене, треба да ги преживеам, барем така тврди Гешталт. Ти посакувам се ама се најубаво во животот, и ти посакувам една бескрајна среќа во секој миг од твој живот. Жал ми е што и двајцата си ги прокоцкавме шансите, ама тоа е, ке се тешам дека вака требало да биде... А до кога ке си ми у мисли и срце не знам, за жал не зависи тоа од мене, веројатно ке ми останеш некоја вечна загатка. Поздрав Дарко и се најубаво
Сакав некого што ќе ми биде партнер ин крајм, да бидеме луди, заљубени, откачени заедно, да им се смееме на глупите луѓе, да превртуваме очи буцкајќи се еден со друг, да бидеме секогаш НИЕ против сите, да го дополнуваш секој мој сарказам и да се смееш од срце на секој мој коментар... Лудо ли е да имаш замислено како би изгледала карактерно твојата сродна душа. Во ред ли е што тоа не си ти и ме боли, срцето ми е распарчено. Ни во најлуд сон не замислував ова да бидам јас, ова за мене не е НИЕ.