Сакам да си тука сега, да бидиш покрај мене. Да лежам на твоите гради , ти да ми ја галиш косата.... Само јас и ти, далеку од се и од сите..
Тесниот црн фустан што го носев кога излеговме првпат, ќе го облечам и утре. И знам дека ќе ја видам истата искра во твоите очи, како таа вечер
Ми недостигаш до ниво на физичка болка. Не ти покажувам колку многу, за да не те растажувам повеќе, ама ме убива неизвесноста, ме убива беспомошноста... Не ми се верува дека во толку краток период ни се срушија сите планови, може и неповратно отидоа у пичку матер. Премногу малер не спотера од сам старт, не го замислував вака почетокот на брачниот живот. Ама верувај ми, од ова ќе излеземе посилни од било кога. Ах, само поскоро да си ми во прегратка...
Ќе полудам значи. Кај 3месеци те немам видено, кај конечно надеж имавме дека полека се ќе е во ред за да се видиме и пак ништо. Како се да е против нас. Лудост е да те ставам во ризик и себе и тебе и нашите и да се возиш од друг град со 100 луѓе само за да те видам на кратко. Знам дека би дошол, таман се кога испланиравме и ништо. Ни годишнина нема да може да прославиме. Оф, сакам барем за роденденот твој да те видам, да ти спремам изненадување, да го прославиш со мене... Ќе си пукнам, ептен се разочарав. Се надевам што побрзо ќе пројде оваа лудост и ќе можам да те прегрнам.
Како што се влошува ситуацијава пак не можам а да не те помислам. Како ли си? Добар ли си? По дома како сте? Да можев барем на 5 минути овој разговор да го направам со тебе, чисто од почит што ми останало за сето она што го имавме.
Фејсбук ме потсети дека уште пред две години терапевтот мој пробувал да ми каже за тебе и за тоа какво егоистично човече си бил. Абе каде бе вака со паметот ке идам? Зошто бе не прогледав порано и порано да прекиневме тоа булшит од врска. Не бе, памет ми е ова, интуиција да си слушам а не да оправудвам нечие понашање и да летам у облаци. Ах, камо да го послушав терапевтот уште тогаш Не си свесен колку ми е мило што не сме веќе заедно, ама не си свесен колку ми е убаво без тебе и без твој себичлук