Како се преболуваш? Како да не ме боли секој дел од телото при помислата дека нема да те видам повеќе. Како да не ми се пара душава? Како се преболуваш, како се преболува цел еден испланиран живот, една длабока голема љубов,една иднина веќе недостижна?
Naci ces cvet sto po meni mirise, Naci ces cvet koji nestaje, Naci ces cvet sto po meni mirise, Bice to cvet koji umire ...
Самиот си виновен што почнав да се оддалечувам од тебе. Самиот си виновен што не забележа што е тоа што ми фали за да бидам среќна. Самиот си виновен што со тебе се осеќам како да умирам, бавно, но сигурно. Самиот си виновен што волку се променив. Самиот си виновен што ни се случува ова, а верувај како што тргнало, ич нема да ти се допадне работава...
Те мислам, во последно време често. Што ли правиш, како си, каков ти е животот? Не знам зошто, ама ете... Паметот ми оди кон тебе. Да можам да го вратам времето, многу работи би променила, ама не можам. Ми фали такво смеење како со тебе, па муабет до ниедно време. Како минува времето не знам дали некогаш тоа ќе го доживеам пак. Ти ја одбра неа, не знам дали е слична со мене. Ама јас како тебе не успеав да најдам. Штета за нас искрено, не победија други работи.
5 најубави и најнепроблематични месеци што сум ги имала со некој во животов . Ќе не биде љубов, те сакам.
Знаеш, тркалото се врти, а јас на нашето тркало предолго дозволив ти да бидеш на врвот. Предолго посакував да напредува врската и ужасно патев кога гледав како многу полоши врски од нашата достигнаа нови фази на среќа. Е сега полека тркалото се врти ама навистина - нешто во мене се смени и денес ти го кажав тоа. Не ти е сеедно... тек нема да ти биде сеедно, тек ќе се сврти тркалото и ти мене ќе ме молиш
Понекогаш во длабочината на твојот смртно заледен поглед гледам толку искреност и љубов, а понекогаш толку мрак и отсутност, како да не си тука, како да не припаѓаш овде. И после толку време не одгатнав 'кој си ти' и 'што сакаш од мене'. На моменти мислев дека сум ти сраснала за срце, но твојата желба да ме поседуваш целосно, управуваш со мене не можам да ја победам. Не можам да разберам како тоа од најмилото, најубавото нешто што ти се случило во животот станувам дрско, самобендисано, себично суштество. Киневме парчиња душа, па се обидувавме да ги вратиме назад, како да е тоа лесно. Ама душите крварат. И болно беше, и тешко, но некогаш знам, бев спремна да искрварам за тебе до смрт. Но единственото нешто во што бев сигурна во врска со тебе, дека те сакам, сега ми изгледа како заблуда, опседнатост. Или пак само сакам да се утешам дека не беше најсреќниот избор. Не сум јас од тие на кои години им требаат да сфатат дека некој не е за нив. Ама заглавив, заглавивме двајцата меѓу љубовта и желбата за поседување, меѓу реалноста и она што на сила се правевме дека го живееме. Велиш дека уште ме сакаш. Толку е тажно, несфатливо. Сите тие обиди да ме направиш љубоморна, повредиш, знам дека беа само очај, само доказ колку ти значев. И еве не сега, пак се гледаме очи во очи, пак неспособни да си ја голтнеме суетата. Нема да ти го раскажам сонот што го сонував една недела пред да ме побараш пак. Ќе помислиш наполно сум одлепила Знаев дека пак ќе ме побараш, токму сега. Нема да ти кажам и дека едвај чекам да отворат граници и пак да избегам....од тебе...од се'. Нема да ти ја убијам надежта дека некогаш пак ќе бидеме она што бевме
Откако те видов после долги 4 години, пеперутките во стомакот како пак да ги почуствував. И еве со денови не можам да те извадам од глава, не можам да престанам да мислам на тебе, ме уби мислата "што би било кога би било". Ми фалиш. Колку и да е погрешно сето ова, не можам да те избришам. Камо тогаш волку да ми значеше, место сега, кога нема веќе назад, кога секој си е на своја страна. Би сакала да знам дсли некогаш, бар за миг, си помислил на мене.. Можев да те имам, но свесно се откажав од тебе, може не си ми бил доволно "интересен" тогаш. А сега, желбата да те имам е поголема од се. Камо да не се откажав од тебе, можеби сега не би била овде каде што сум. Можеби ќе бев посреќна, можеби ќе успеевме. Ти беше тој што кажа дека секогаш ќе бидеш тука за мене, ама мене тоа не ми беше верно. Каде си сега, за да бидеш тука до мене? Јак беше само на зборови, а не и на дела. Можеби затоа ти кажав не, бидејќи беше поголема кукавица и од мене. Ама ете, живот. Некои шанси доаѓаат еднаш и никогаш повеќе.. Некогаш свесно се одрекуваме од среќата, мислејќи дека таа секогаш ќе не чека, но можеби среќата доаѓа само еднаш..