Едната ја пикаш у твој кревет и ја сликаш и редиш на стори, 24/7 заедно, со другата си ставаш срциња по фб, па сеа пошто си јака фаца и тикток си направил и кога гледам 50 фуфици шо си ги снимаат газовите и цицките извадени ги следиш. За кого ли патев 4 месеци, глупача. Ми се одмили за 101%, поздрав.
Ти кажав дека самиот си виновен што отидовме толку далеку. Сега ми велиш дека повеќе не сум те сакала, дека не сум се грижела за тебе. Ти текна изгледа дека и самиот придонесе волку да се оддалечиме. Упорно овие два дена на секој 10мин. Ми велиш дека ме сакаш. Синоќа ме галеше, ме гушкаше, чудно, ама некако повторно се почувствував сакана. Се сети колку е часот, кога мене почна да ми станува сеедно. Ќе се управиме ли некогаш, којзнае.. Навистина не знам што ќе биде со нас.
Денеска, по стоти пат, сфатив колку те сакам и колку ми е мило и драго што имам таква личност до себе, со сите маани и несогласувања, радости и солзи, среќни и тажни моменти, ние сме сеуште тука каде што сме, со поддршка и лојалност еден за друг, не постои нешто што би ме тргнало и разделило од тебе, освен ти самиот (не дај боже), не постои работа на светов што не би ја направила за тебе!
Ох љубов моја ... Помина долг период но ти се уште си ми во главата , а знаеш кога си ми во главата настанува хаос, настанува опасна желба за тебе , опасна страст се појавува како на почетокот и да знаеш сеуште не згаснува Јас те сакам и го сакам твоето внимание , затоа душо немој да бидеш ладен спрема мене , престани те молам да ме игнорираш , знам дека малку сум виновна но знаеш дека никој не е светец .... Се надевам дека некој ќе ги послуша моите желби и ќе ми ги оствари ...
Едвај чекам сите да те научат навистина каков си. Има од блато да ме правиш бре, а сега засега продолжи си со занесувањето.
Последно кога ме праша дали и јас сум те сонувала ти кажав дека воопшто не сум те сонувала... А уствари не постои ноќ што не сум те сонувала и утро без солзи. Фати у пичку материн како можев толку да те засакам дури се мразам себеси... Како можев, како... Нема да научам повеќе да сакам некој, го мразам фактот што повредувам друг ради тебе...
Како вчера да било, ми текнува пред 2г кога срамежливо ми ги изјави своите чувства кон мене дека не биле само пријателски и дека сакаш да сме нешто повеќе од тоа, а јас ти реков дека истото го чувствувам кон тебе... Паметам колку со среќа во очите ме погледна и ме праша "навистина, од толку многу што те посакуваат и би биле со тебе, ти мене ме избираш, а јас толку се плашев дека од твоја страна нема да ми е возвратена љубовта ". И јас ти одговорив дека "да, затоа што си најразличен од сите што сум ги запознала, затоа и ми го освои срцето , па зошто да не си дадеме тогаш шанса". Таа прегратка во тој момент ми беше најубава. Толку чиста и искрена, сакав времето да запре засекогаш. И првиот бакнеж после тоа, моментот кога ме фати за рака и не сакаше ни да ме пуштиш... Тој ден засекогаш ќе ми остане омилен. Се беше толку прекрасно, едноставно, искрено и без играње игри. 2г ми го боиш светот во сите бои. Ти благодарам што ми покажа што е љубов, што е искрена и чиста љубов. Животот е поубав откако ти си во него.
Понекогаш ми е многу криво што самиот не си свесен колку вредиш. Сакам да можам секојдневно да ти покажувам колку си посебен за мене и колку премногу те сакам .
Во денови како овој, каде што мене ме пука анксиозност, најмногу зашто две кафиња сум испила, а тебе исто ништо не ти се погодило најмногу ми фалиш мислам. Да затвориме врата на остатокот од светот, да се укотвиме во еден кревет (голем, мал сеедно, реално на сè се навикнавме), да си нарачеме пица со рукола и пршута и со мачорот покрај нозе да гледаме глупав филм.
Не си ни свесен дека ми остави белег за цел живот. Не согледуваш дека ме задушуваш, дека крилата ми ги исече, дека ме направи никој и ништо. Не дишам тука. Ми фали слобода. Сама дозволив, дека премногу те сакав, дека премногу бев наивна и добра.
Кога знам дека си тука, до мене, ништо друго не е важно. Поминавме низ многу нешта заедно, издржавме секакви препреки, тешкотии, издржавме тешка далечина кога мислев дека ќе се задушам во сопствените солзи, а се преродив кога ми се врати во прегратки. Сфатив што значи кога целиот свет ти е само една личност. Единствена желба ми е ти и јас уште долго да бидеме синоним за љубов.