Апаратчиња? какви се тие, за што служат ништо не ми кажуваш.. Господи боже И од каде ти текна да ми земаш такво нешто Абе сигурно си смислил некоја лудорија и сто посто сум сигурна дека ќе те убијам кога ќе видам што си ми купил Будалетина
Те сакам, те сакам, те сакам, те сакам и се надевам дека еден ден ќе си ги оствариме сите заеднички соништа. П.С. Веќе ми фалиш.
Зошто направи ваква да станам а, зошто? Толку многу те сакав, а сега верувај не знам дали постои љубов во мене за тебе.. Ме уби тоа твое однесување, не сакам веќе таков да те гледам. Или биди каков што беше на почетокот или не очекувај веќе љубов од мене. Многу се изморив, многу ме измори.. Верувај немам веќе ни сила ни волја..
Толку, нема повеќе да трошам време во обид да се преведам себеси на јазик кој го разбираш. Не ти должам објаснување. Не мора да ме сфатиш, а овие 2 години после кои сфаќам дека практично не ме познаваш, ми кажуваат дека не ни имаш таков капацитет. Уствари, не сакам да префрлам вина. Никој не е крив што сме на различни фрекфенции, ама ќе сум крива ако продолжам да туркам со главата во ѕид. Сакам некој што интуитивно ме разбира. Или барем што сака да ме разбере. Што ќе вложи труд, нешто што ти никогаш не го направи. For fucks sake, заслужувам подобро. Просторот без тебе нема да е празен. Полн е со потенцијал, можности, слобода. Добри и лоши одлуки. Ама тоа ќе бидат мои одлуки. И ова е мојот живот, во кој вложив се', и за кој ветив во тишина, и на себе и на мајка ми, дека нема да се заплеткувам во магичниот и генерациски круг на токсични врски. Не ме плаши хоризонтот пред мене. Имавме прекрасни, прекрасни мигови, и ќе те памтам ко магичен дел од мојот живот. Секогаш. Ама веќе не сум среќна. Време е повторно да дишам. И ПС: Не сум хиперсензитивна, туку ти имаш емоционален капацитет на мравојад. Dayla out.