Mи се јавуваш после година ипол да ме прашаш само како сум, си се загрижил, никаде ме немало. Што бе ти очекуваше? Вечно ќе те сакам м? Ете ќе ти кажам, не сум добро, поради тебе на секои два дена имам анскиозни напади. Ама те лажам дека сум супер и среќна. Повикот уште толку ме уништи. Мрш. Не те сакам, сега сум повеќе сигурна во тоа. Јас ќе бидам добро а ти со твојот мозок м? Проклет да е денот кога те запознав.
Те гушкам и скокоткам во кревет и ти викам се буди лошата во мене, а ти ми викаш има ли некоја друга освен лошата Глупчо мој, како не сфаќаш за тебе сум најдобрата што можеш да ја имаш и така чукнато да те сака во секое издание
Не раскинуваме првпат, ама мене секој пат ме боли како да е прв. Те сакам бесконечно и лудо, ама веќе не е ова ‘тоа’ од кое што сакам да бидам дел. Просто мислам дека не ни можам. Извини.
Ме стопија тие зборови. Ти си бил најмилото нешто што сум го запознала Жал ми е за сѐ... Сакам пак да те гушкам како порано
Аи шо убаво вака доцна у ноќта што ми се јави што си промуабетивме Леле абе сб А Абе Снњнњј Абе леле бе..../!$: Не, стварно фала ти. Ми се згади уше еднаш, ме потсети што ѓубре си уште еднаш, али овој пат не ми се закочи устата, овој пат ти вратив. Се учев за време на пишување да ти вратам, ама еве сеа и у real time се деси. Бор машина у шупак за тебе, копиле.
Ми кажуваш како ти трепрел гласот за мене? Штета, повеќе те боли што ќе речат другите, а не како ми е мене. Ми кажа никогаш да не ме запознаела мојта најголема среќа, мојто внуче, мојот шеќер... копиле гнасно.
Еден убав, сончев ден, ќе се качам на бина и ќе ти објаснам. Ќе ти раскажам колку многу те сакав и ќе ти раскажам дека само за тебе волку сум се потрудила, најмногу од сите претходни врски. Ќе ти ги насликам сликите што ги замислував за нашата иднина, а кои ти така себично не ги ни ставаш на памет. Кога се зборува за иднина, ти зборуваш како тоа да е нешто најдалечно на светот, како ние вчера да се запознавме, а тоа е многу многу далеку. Тој ден, ќе носам нешто црвено, ќе бидам дотерана и ќе ми се придружи на сцената уште некој. Некој што не се плаши да дојде со мене и заедно да ги оствариме соништата. Некој што зборот прстен, не му прави блокада во мозокот, а желбата за живот заедно не му личи толку страшно, што мора да наоѓа изговори. Тој ќе ме фати за рака и заедно ќе се симнеме од сцената. Тој убав, сончев ден, завесата ќе се спушти над нашата врска засекогаш.