Знаеш и самиот колку ми значиш во животов, пред се' ко другар, брат, а потоа ко дечко. Со тебе поминав многу. И добро и лошо. Со тебе се смеев и плачев, со тебе ги поминав најубавите моменти во животов. Премногу сум ти благодарна што ми го разубавуваш животов се' повеќе и повеќе. Ти благодарам што постоиш и што секогаш си тука кога си ми потребен, те сакам
Деновиве сум многу разнежнета. Навечер ја гушкам перницата замислувам дека си ти Не можам да дочекам да дојди викенд, да те малтретирам малку, малку повеќе
Ти му викаш бејб, не сум добро, тој ти враќа со - ми се спие. Ти му викаш илјада пати не прави така, тој илјада и еднаш ќе го прави тоа. Ти му кажуваш како да те направи среќна, тој спротивно прави. Тој те нарекува болна па те обвинува зошто урлаш. Ај важи.
Се сеќавам каква возбуда чувствував кога те викнав да излеземе... тогаш пред неколку години. Ми гореше лицето, колената ми трепереа, не го чувствував тлото под нозете. Од каде таа храброст во мене одеднаш? Но никогаш не се покајав. Ниту еднаш. И уште истата возбуда ја чувствувам додека те гледам. Од една искра се разгори најсилниот оган што гори се' посилно... Ти и јас сме доказ дека таа слатка љубовна еуфорија не поминува така лесно и брзо...
Те немам видено пола година .. Страв ми е. Не знам како ќе изреагирам. Не знам дали сум ти лута, ти имам простено или те имам избришано од живите? Можеби сакам само уште еднаш да поразговараме, сега или за година, две. Сакам да ти кажам како ми било и како ми е сега. Верувај исто, за тебе резервирано до максимум. Намонтирана насмевка на лице, под неа успешно контролиран паничен напад. Сакам да видиш дека продолжив и дека успеав. Завршив едно поглавје, одам кон другото. Сакам да ти кажам дека се држам и подобро отколку што си мислевте сите. Не знам .. можеби со тебе ќе беше поинаку, ќе бев повеќе емотивна, ќе се повлечев, ќе плачев .. Сега сум само внимателна и целам кон бесчувствителност. Не сум имуна на тебе за жал. Ете љубов, тоа сакав да ти го кажам.
Ни фали еден искрен разговор за ситуацијата во која сме периодов. Ме правиш толку несреќна на моменти, несигурна и без самодоверба. Не знам дали само прувеличувам или навистина е така. А можеби и станав поприврзана со тебе, па секое зборче си го ставам на срце. Едно знам, не сум среќна. Да имав мааалку повеќе храброст би ти раскинала уште истиов момент ама спомените и навиката и онаа малку љубов која ја осеќам ми дава сила да туркам напред, до кога ќе биде вака не знам. За некој ден заминувам Скопје, ќе бидам 2 недели таму. Се надевам дека малце ќе ни оладат главите и на двата па ќе мрдниме од мртва точка. Повеќе не можам вака, немам сила...
Во овие 2г не паметам добра ноќ некогаш да не сме си кажале... Вчера дур сум учела, си заспал ти и првпат немав добра ноќ од тебе. Колку се осеќав тажно некако, празно, дури немав што да правам, па и ја заспав порано, те немаше тебе за муабет. Вака само сфаќам уште повеќе колку си битен во мојот живот и не можам да го замислам животот без тебе во него. Нека не ти се повтори, што ќе правам до 5 сабајле сама јас?
У право беше. Колку помалку луѓе знаат за нас, толку подобро и толку посреќни ќе сме. Не сакам да ни се мешат во врската.
Ма ја не знам што воопшто уште се потресувам за тебе. Мизерен си, човече. Колку си се разлетал, едвај чекам да видам како ќе треснеш на земја. Ај мрш.