Во последно време си љубоморен за се. Добро, не ми зборувај, ми е гајле. Не се врти светот околу тебе, аман!
Ми го направи денов посебен. Фала ти што постоиш. Се израдувавме денес многу. Ме изненади со веста што ми ја кажа после позитивните резултати. Те сакам, ама многу.
Како се бришат чувства што си ги имал долго време? Како за ноќ се заборава се како ништо да не било? Јас сум согласна на се освен за љубов.
Секое утро се будам со некои „кошмари“. Соништа што ме тераат да излезам од овој досаден живот и да почнам се од почеток. Таму, среќна и исполнета. Ми фалиш уште ти и храброст да го направам тоа. Дојди, ќе бидеме цело
Браво, секоја чест. Како успеа се да извртиш во твоја корист и јас дури крива испаднав. Манипулација левел 1000000. Барем ме ослободи. Сепак ти посакувам се најубаво. Дај Боже никогаш да не ти текне на мене Доста ми беше од твоите сра*а.
Одамна немам пишувано за тебе во темава. Навидум во среќна врска, па те подзаборавив некако. Ама колку и да се трудам да те избришам, животот ќе ми се изнасмее в лице и ќе те донеси кај мене во сон. Да да, те сонував вечерва. И не сакав да заврши сонот, се' беше толку реално, толку убаво. Бев среќна и исплашена во исто време, исто како шо би се осетила тоа да се случи во реланоста, ама нема. Се разбудив и така квалитетно се изнаплачив, пошто никогаш нема да те преболам. Не дека некогаш те имав или беше мој, ама барем имав надеж дека некогаш и под некакви икс услови, ќе завршиме заедно. Или барем ќе имам прилика да те запознаам и да ти кажам се' шо сум собирала во мене со години. Ама сега ја нема ни таа надеж, ти ми си скроз забранет. Те немам видено точно една година и три месеци, толку посакувам да излезиш пред мене случајно, толку сакам да те видам.. Тешко ми е упм. И се' да ми е погодено и наредено во животот, никогаш нема да си простам за фактот дека ради тоа шо бев мала и несигурна, не истапив чекор напред и не ти признав се. Глупа, глупачка, можеби сеа се' ќе беше поинаку. Ама џабе е веќе, возот си помина. Без тебе засекогаш, за жал..
Како да ја отстранам цела болка што ја чувствувам? Како да го издржам овој товар? Боли со тебе, боли без тебе, секако боли. Страв ми е. Сама сум, и да, осамена. Неспособна ли сум да чувствувам среќа? Толку различни животи живееме, како да сме во паралелни универзуми. Се трудам, жими сè, од дното на душата се трудам, ама ова чувство е посилно од мене. Чувствувам неизмерна жал. Секој чекор ми е грешен. Посакувам само да исчезнам.
Вечерва случајно со друштво поминав од местото каде што се видовме за прв пат јас и ти. Се присетив веднаш на нас и на тој миг колку бев среќна што бев со тебе. Ме фати за рака и шетавме низ тој парк, потоа за миг застана пред мене, твоите раце ги стави на моите образи, ме погледна мило во очи и ме бакна во чело.
-Начинот на кој што ја гледаш -Начинот на кој што ја чуваш -Начинот на кој што ја нишкаш -Начинот на кој што ја гушкаш -Начинот на кој што се трудиш да ја заспиеш -Начинот на кој што ја заигруваш -Начинот на кој што дозволуваш да биде до тебе -Начинот на кој што и раскажуваш приказни -Начинот на кој што и пееш твоја новокомпонирана песничка Се што правиш, правиш со љубов, но онаква, вистинска идна татковска љубов. Првпат го гледам ова твое лице, и се заљубив во него, останувам без зборови кога ве гледам заедно. Тетан нејзин си ти
Секој ден се повеќе и повеќе се нервирам. Не сакам да те изгубам. Се молам постојано да се среди се. Се надевам ќе го надминеме ова и нема да има потреба никому да се правдам и да се плашам дали ќе ја прифатат нашата врска некогаш. Знај дека те сакам најмногу.
Јас те сакам. Но во исто време те мразам. Знаеш да бидеш толку мил. А потоа толку да ме повредиш. И секогаш пак од почеток.