Си смислив огромен реферат во глава за тебе, пола ден се спремам прсти да искршам за да го напишам и сега кога дојде момент си реков батали. И онака ништо не значи.
Би дала се' за да дознаам што се случи меѓу нас, а сепак не се осмелувам да те прашам. Убаво рекле, пазете на ситниците. Сега љубовта некако се троши. Гордоста ѝ го зема местото. Колку грдо звучи ова... Зошто не е се' како на почетокот? Зошто се оддалечи? Ќе продолжам да бидам во борба со сопствениот ум.
Ти си едно симпатично суштественце кое ме забавува цел карантин, а особено последниве неколку дена кога сериозно бев „во длабокото“. Не знам дали ќе биде нешто од нас, се мислев и каде да го сместам мислењево, но ова нема да ти го заборавам и секогаш ќе бидам тука за тебе. Затоа што кога ми беше најтешко, направи повеќе за мене отколку некои луѓе што ми се наводно блиски и ме знаат со години.
Збунета сум... бев на раскрсница и одбрав нешто ново, непознато, и сега сум збунета, со еден куп прашалници. Како Изворот да ме фрлил во некој друг свет па не знам ништо, се вртам наоколу и се ми е чудно и ново, некои чудни чувства околу мене со премногу претпазливост. Што е ова? Што да очекувам? Што ке биде утре? Како сега понатаму? Да се препуштам ли? Сигурно?
Јас знам дека имаш обврска према факултетот, ама измери ја тежината на моето и твоето жалење. Ни 5 минути ли немаш време за мене?
Веќе решив. Ќе играме со отворени карти. Ќе ти ја кажам вистината. Па макар веќе да не ме погледнеш и да те изгубам на секаков начин. Барем ќе знам на што сум. Ме убија веќе овие игри.
Изгледа најпаметно ќе биде да ставиме крај. Ја и ти сме како пенкало и гума, грмотевица и сонце, цвет и суша.. сѐ она што не функционира заедно. И жал ми е, те сакам, ама ме боли.
Ова прв пат ми се дешава, после толку време трпејќи те наеднаш ме штракна нешто во умот и за рок од два дена најдов друг што значи излегов со друг... Што значи дека е крај и со цел да те заборавам. Бидејќи ова не се трпи повеќе, стално ти простував ради тоа што неможев да се помирам со фактот да сум без тебе но ти пак истото. Излегов со солзи во очите, ставив шминка со цел да ја покријам тагата. Жал ми е но морав... Само едно имај си на ум добра сум додека можам да трпам но кога ќе ја преминеш границата и ќе ми пукне филмот пази се и продолжи си да ме сонуваш кисс
Кога сум напната сакам да ме оставиш раат ама сакам и да ми посветиш внимание... баланс некој пробај најди, што знам... ја ли да ти кажувам ?