Сакам цел живот да го поминам со тебе. И да се расправаме, и да те/ме нервирам/ш, и да миеш садови додека готвам хаха, и да одвојуваме по 5 минутки за нас секое сабајле, и да ми се јавуваш за да ми кажеш дека ме сакаш, и да те држам за раче кај и да одиме и да не ни е гајле за никој друг и ништо друго.
Зошто не знам да ти бидам лута? Знам само во мене да те пцујам и првите 5 мин од разговорот да се понашам ко кучка и толку, омекнувам одма.
Ми викаат си ме чувал ко капка вода на рака, не си дозволувал да сум тажна. Ми викаат посакувале љубов ко нашата. Од денот кога те запознав, навистина за мене се грижиш премногу, толку ме пазиш и размазуваш, толку внимание ми посветуваш, ме правиш среќна... Секогаш посакував ваква љубов ама не можев ни да замислам дека ќе е толку перфектна. Среќа што постоиш и што си мој!
Не знаеме што носи иднината. Јас премногу те сакам а, и ти мене. Се надевам долго (засекогаш) ќе бидеш дел од мојот живот .
Леле колку си напорен ,кога гледам дека ми звониш ми се темни ,сфаќам да ти фалам и све ама 50 пати кажуваш умараш више со тоа .
Љубов, многу ми е криво што на роденденот не сум до тебе и си ми далеку. Не дека ти сакаш да славиш родендени нешто многу, но сепак сакам на вакви денови да бев со тебе цел ден. Лани убаво ни се погоди заедно си бевме баш тој ден. Ми излегоа спомени на социјалните мрежи, слика што си ме сликал тогаш и некое стори, ми дојде во глава цел тогашен дејт ко вчера да се случил. Сите убавини на светов ти ги посакувам, зошто само тоа и заслужуваш
Е јебига, кај мене лагата не поминува лесно. Една лага може и крај за нас да значи. Извини, ама ако изгубам доверба во тебе нема враќање назад.
Ми текна на нешто, на нешто што не успеавме да го имаме. Што чуствував тогаш само јас знам, иако некои што изиграваа поштари мислеа дека сé знаат. Верувај ништо не знаеа, ниту пак ти. Ми текнува кога се налути за тоа што сум ти го заборавила роденденот. Не, не ти го заборавив, иако не ти честитав истиот ден. Ама ти и те како го заборави мојот. Знам дека тоа што го направив не беше океј, ама не знаев како да ти кажам, премногу ми беше тешко.
До мојот бивши дечко... Знам дека денес ти е роденден и не ти честитам, едноставно не заслужуваш. Пред една година работите беа многу поинакви, бев заљубена во тебе и мислев дека ќе имаме заедничка иднина. Испадна дека заслужувам нешто многу подобро. Те преболев, поминав преку се, и искрено не ми фалиш. Сега имам некој друг со кого ја замислувам својата иднина