Ми се допаѓа тоа што ме чуваш и се грижиш за мене ! Ти имаш големо срце иако многу сакаш да ми се правиш мангуп. Ти си различен .
Кога веќе се јавуваш прај бе срцка озбилен и на место муабет, не ми се губи на моменти. Знам дека не си ме видел неколку дена, имам разбирање јас за факултетот твој, ама ај среди се. А, да, можам и јас да те средам. По можност утре!
Колку си те сакам бебуле мое . По секоја караница (кога мислам дека се е изгубено) доаѓам до заклучок дека не можеме еден без друг
Те сакам. Ова беше тежок период за нас се надевам дека нема да се повтори. Ми недостигаш и ми недостасуваат викендите со тебе се надевам дек апак ќе ги има
Те сакам, ептен многу те сакам! Ти си единствениот што вистински се грижи за мене! Ти благодарам.. П.С. Се надевам дека нема да се покаам за одлуката од петокот. Ама не можам без тебе..
Извини, неправедна бев. Се каам што заминав, но нема назад... А ти можеше да тргниш по мене да ме помолиш малце!
Ти си феномен Ти си нешто невидено, Ти си уникатно суштество, Ти си еден и единствен, Ти си тој кој има големо срце ................ Ступид Ова погоре е напишано со сарказам Ако не знаеш да читаш меѓу редови... Уффф, која дарба ја имам, дури и мислите ти ги читам Убаво е, да... ама не секогаш
знам дека толку многу ме сакаш што мозокот ти се блокира кога ке ми го чуеш гласот ушите ти се затнуваат кога ке помислиш на мене знам дека кога ке ми зборуваш мене, ме замислуваш дека сум до тебе , ти недостигам многу ама кога ке ти кажам да не ми се јавуваш дека чекам еден многу важен телефонски повик за работно место т.е. второ интервју РАЗБЕРИ МЕ ТИ ЗБОРУВАМ МАКЕДОНСКИ!!!!!!! МЕ НЕРВИРАШ!!!!! МРЗЛЕ!!!! ПИШИ МИ ПОРАКА; ТОЛКУ ТИ ЗВУЧИ ТЕШКО ТОА????? Мислам дека не е воопшто тешко
Јас и ти... Некогаш ќе имаме мала куќичка, во старски стил со камења и дрва и огромен камин каде што ќе водиме љубов... Te сакам, засекогаш муце мое мало
Мило, па јас ќе ти родам син! Значи тебе ти се исплати чекањето толку години да станеш татко, прво па машко! Ете ти се исполни животната желба, т.е на пат е да ти се оствари Те љубам
Зошто едноставно секогаш не е така? Хм...убаво ми е...те гледам и убаво ти е... Сакам да трае...не сакам да заврши, не сакам да остане во минатото...Градевме, сега уште покрив ни фали И дечиња, три, доста ни се
Не се прилагодувам веќе според твоето расположение Чудно ти падна, а? Нека ти падне Ајт сега еве се спремам и доаѓам кај тебе, ќе се гушкаме и ќе си прославуваме
Поминаа само неколку часа од кога се разделив од твојата прегратка а веќе ми недостасува твојот мирис,твојот допир , твојот глас ,нашите прегратки ,бакнежи, милувањето, чувството кога некој се грижи за мене ,чувството како да имам се на светот-бидејќи те имам тебе сигурноста која ја имам покрај тебе ,моментите кога ме засмејуваш, кога нежно ми го бакнуваш вратот ,ми ја галиш косата ... Едвај чекам да дојде утре и пак да се фрлам во твојата прегратка . ТЕ САКАМ и проклето ми недостигаш