Од ден на ден се повеќе те мразам.. Одвратен си ми.. Секој збор што ќе го изустиш ми е одвратен затоа што и онака се што ќе кажеш е за да ме повредиш.. Нема ништо што не држи заедно..и онака веќе некое време си живееме како брат и сестра.. Ама ќе издржам..уште малку морам да издржам..
Среќичка си ми, пред тебе сум соголена и физички и психички и колку и да сме различни во основните нешта сме исти во душата. Секогаш сум се чудела и не знам дали ќе одгатнам некогаш како е тоа можно да сме толку различни, а во исто време едно во душите. Сакам да учам од тебе, да впивам искуства и знаења, ти малку побавно ме следиш во мојот чекор, ама тука си. А може и јас сум побавна во однос на твојот чекор па ми личи дека ти си побавен, но тоа и не е битно. Секојдневно се менуваме ти во твојата професија, јас во мојата, ама заеднички растеме и ги собираме плодовите од трудот. Се гордеам со секој твој успех иако криво ми е што секогаш не бев тука и напати те кочев, ама длабоко во душава ти се восхитувам, се гордеам со тебе и сакам некогаш да можев да стасам таму каде што си или да имав дел од себе кој еден ден ќе стигне и успее толку. И ќе биде се како што треба да е затоа што сакам така да е, душа ќе си извадам да бидне, а кога упорно ќе намерам нешто ретко не сум успеала
Не знаеш колку се плашам дека ќе те изгубам.Гласот да не ти го слушнам, да не те видам. Ноќе сонувам дека те нема и тешко дишам. Каков ли ми би бил животот да те нема не сакам ни да замислам. Веројатно освен празнина ништо не би останало.
Нашата песна во позадина. Сеќавања на тој топол јунски ден, точно пред една година. Како вчера да беше. Чувствата не избледуваат, напротив. Сакам да те држам во прегратка цврсто, да ти раскажувам како сум го поминала денот, да бидам јас, точно таква каква што сум, без преправања... Само со тебе знам и да плачам и да се смеам. Само до тебе, само со тебе живеам.
По гласот можам да почувствувам колку си изморен. Знам дека си силен и дека ќе го надминеш овој период, знам дека ќе дојдат многу поубави времиња за нас.
Камо да не бевме толку далеку еден од друг.. Толку многу се зближивме, а колку само сакав да се оддалечам од тебе. Никој до сега не ми значел толку многу. Немој да ме повредиш, те молам.
Уште малку ни се ближи годишнината Како и шо ти пишав, како вчера да беше, не ми се верува дека толку време поминало Толку планови имаме за иднината, работи кои треба да ги правиме заедно. Чуствувам таква сигурност кога сме заедно, како да сум дома. Би одела до крај нас свет со тебе
Зар не е очигледно дека се обидувам да се дистанцирам од тебе? Ми ја цицаш енергијата со муабети колку се успешни кај тебе дома, па стравови дека ќе останеш во нивна сенка, а од друга страна те мрзи да станеш и буквално да ги преседиш 8 часа. Едноставно е не си за силна женска ко мене. Барај си богата размазена плачка ко тебе и плачете си заедно до крај на животот. Мене ми е мирот најважен, а со тебе никогаш нема да го имам.
Зашто не ми се јави пред да го направиш тоа само една порака и одма ќе бев крај тебе ☹️ ќе оставев се само за тебе те сакав и ќе те сакам секогаш иако не си покрај мене ќе те сакам почивај во мир љубов моја
Значи вака изгледа кога е стварно крај. Не се каам за изминатото време заедно. Едноставно и покрај сите обиди не можевме да успееме.