Ќе те оставам да одиш. Ни збор нема да ти кажам. Ќе ми помине како се до сега што ми поминало. А што ли не преживеав.
Морам да сум силна еве веќе 5 години издржувам се омажив Господ ми даде две дечиња за нив мора да сум силна но никогаш нема да го заборавам иако сум мажена тој беше мојата голема љубов
Уште од почетокот знаев дека вака ќе биде и нема да го прифати ова, знаев. Големи последици ќе има ако заврши вака.
Потребен ми си...Дојди да спијам во твојата прегратка, ќе ја издржам и жештината, само биди до мене...
Извини Д. али не може да те нема со месеци да ми пишеш и да ти текне тек сега на мене и тоа со понуда од типот цел викенд да сме се затвориле негде... Дали сериозно муабетов? Си го одбирам дечко ми пред сите!
Ми фалиш бе. Криво ми е што не можеме да поседиме малце повеќе, гушнати и да си правиме муабет. Сега и тоа малце време што го имаме за да поседиме повторно телефонот ти ѕвони од другарите кои си секој ден со нив. Нема проблем ќе помине и ова, па ќе можеме да седиме. Само се надевам на малку осет и разбирање од нивна страна, бидејќи стварно ми е доста од расправање на таа тема.
Сакав да пробаш да ме разбереш, да бидеме истите како до пред 1 месец. Јас и ти, никој друг. Жал ми е, биди цврст и после мене само не дозволувај да те користат. Имај свое јас. Биди со некоја која ке ги трпи твоите зацртани граници.
После една недела, утре конечно ќе се видиме Почна да ми фалиш усте од вториот ден... Едвај чекам Мислам дека се затрескав у тебе Вака замислувам дека ќе биде (ама ти ќе ми дојдеш у шорцеви и маица) Љубим те