Се појави во мојот живот од никаде и сега ми го реметиш мирот. Не те вадам од мисли, а знам и ти се осеќаш исто.
Што би јас без тебе секогаш си тука за мене што се не си направил за мене и колку си ме трпел па 10 животи да имам нема да можам да ти вратам. Не можам да дишам без тебе ,со што ли те заслужив толку грижлив толку прекрасен Те сакам повеќе од се
Пред многу години направив грешка. Се разделивме. Си ја признавам грешката, ама немој бе целосно да ми ја препишуваш мене вината, како да беше ти чист како солза. И сега, после долги години, ме прашуваш дали вака ми е подобро, дали сум среќна, како би постапиле во истата ситуација со овој памет, не само јас, туку и двајцата. Имам толку многу работи што би можела да ти ги кажам, што ги носам некаде длабоко во мене повеќе од седум години. Толку многу работи што си ги чувам само за себе. Така и ќе продолжам. Нема смисла да ги изговорам на глас, и онака нема да му донесат ништо добро никому. Најдобро е да го оставиме минатото токму таму. Немаме иднина заедно, никогаш не сме ја имале.
Мирисот на твојата кожа, помешано со мирисот на јако црно кафе ...со песнава во позадина.... И добро утро љубов..